Home / Методика на ФЗО / Училиште во кои учениците читаат додека возат велосипед

Училиште во кои учениците читаат додека возат велосипед

vozicitaj1Резултатите покажуваат дека овој метод многу добро успева. Учениците кои најголемо време во текот на училишната година поминуваат во оваа програма напредувале во читањето дури до 83 %.
Во основното училиште Ворд во градот Винсент-Сејлем во САД, наместо училишни клупи, учениците седат на домашни собни велосипеди. Програмата “читај и вози“ трае веќе пет години. Една училница е опремена со доволем број на домашни собни велосипеди и тоа за цело одделение и во текот на денот се менуваат одделениските наставниците со учениците. Додека учениците ги вртат педалите, тие ги вртат и страниците читајќи, така што покрај јакнењето на мускулите учениците ги јакнат и развиваат мозочните вијуги. Резултатите покажуваат дека овој метод многу е успешен и дава позитивни резулатати. Учениците кои највеќе време поминале во оваа програма во текот на учебната година напредувале во читањето дури до 83 %, додека пак оние ученици кои најмалку ја практикувале оваа програма читање и возење напредувале само за 41 %. И другите училници во училиштето имаат по еден домашен собен велосипед аголот, па учениците на кои им е тешко мирното седењето – наставниците го користат “како награда“ за оние ученици кои не мораат мирно да седат, а воедно и многу помага на учениците. Читањето и вежбањето за многу ученици е вистинска шанса да читањето го доживеат како забава, изјави Скот Ертл кои е почетник во програмата.
Вртењето на педала е добродојдено и за многу дебели ученици кои уживаат во “велосипедирањето“, но не го сакаат наставниот час по физичко образование поради лошите резултати. Со личниот домашен собен велосипед секој може да вежба во рамките на сопствените можности истакна Ертл.  Во последните пет години програмата “Читај и вози“ е превземана од страна на повеќе од 30 училишта во САД.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu