Home / Методика на ФЗО / Учеството на семинар “Континуирана едукација за часот по физичко образование“

Учеството на семинар “Континуирана едукација за часот по физичко образование“

Kumanovo1На  23.9.2014 година (вторник) во наставниците по спорт и спортски активности при ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, Ангелче Гушев, Златко Здравковски и  Леонид Таневски во Спортската сала во Куманово учествуваа на  семинарот  на тема “Континуирана едукација на наставниците по физичко и здравствено образование во основното и наставниците по спортски активности од средното образование”.  На овој семинар се разгледуваше развој на училишниот спорт, со што ја нагласуваме грижата кон младите генерации и настојуваме тоа да го искажеме и со реални активности. По сериозни анализи и опсервации во изминатиот период за состојбите во училишниот спорт и физичкото образование воопшто, се започна со развој и поддршка на човечките ресурси кои го реализираат обемниот и сложен систем на училишниот спорт и наставата по Физичко воспитание. Агенцијата за млади и спорт како долгорочна стратешка активност ја дефинираше перманентната едукација на активниот наставен кадар како услов за реализација на современ тренажен процес на учениците и секако квалитена настава по најомилениот предмет кај учениците.

Ова е трета година по ред Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Бирото за развој на образованието и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, да го реализира проектот за континуирана едукација на наставниците по физичко и здравствено образование во основното и наставниците по спортски активности од средното образование. Со овој проект треба да овозможи подобрување и подигнување на квалитетот на наставата по предметот физичко образование, како значајна компонента на образованието и воспитувањето воопшто и приближување до квалитетот на физичкото образование кое постои во земјите членки на Европската Унија и е во функција на здравјето на учениците.

Со обуката ќе бидат опфатени вкупно 1.000 професори и одделенски наставници од сите региони во државата, а Агенцијата за млади и спорт од својот буџет за циклусот обуки обезбеди 500.000 денари. Главната цел на програмата е усвојување и примена на современите достигнувања на науката и практиката заради остварување на целите и задачите во физичкото и здравствено образование и воспитанието и унапредување на образовната практика, односно унапредување и подобрување на квалитетот на часовите по физичко.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu