Home / Индивидуални спортови / Трчањето како вид на рекреација

Трчањето како вид на рекреација

zena-trciТрчањето е еден од најдобрите видови на физичка рекреација. Тоа е одличен начин за слабеење, одржување на кондиција и добра форма. Бидејќи е активност од висок интензитет, телото користи протеини, јаглехидрати и масти за да ја обезбеди потребната енергија. Пред трчање секако треба да се загреете. Некои лесни вежби за колкови, раце, колена, зглобови, стапала, или вежби за размрдување. Загревањето е потребно да трае 5 минути. На почеток трчајте полека. Важно е мускулите и зглобовите да се загреат и опуштат. Подоцна забрзајте го темпото, но да не изгубите здивот. Правете паузи но исклучиво во форма на пешачење. Исправете го грбот и гледајте право. Вдишувајте воздух низ носот, а издишувајте низ устата. Најпогодно е да трчате навечер. Организмот е веќе активиран, треба само да се растерети, да се испразни стресот и заморот. Со трчањето навечер организмот се обновува, се доведува голема количина кислород до крвта и мозокот побистро работи, се согоруваат повеќе масти и организмот се ослободува од вкочанетост, стрес и негативна енергија. После ноќното интензивно трчање полесно се спие, се зајакнуваат мускулите, срцето и кардиоваскуларниот систем. После трчањето се препорачува туширање со не многу топла вода. Храна не треба да се консумира ниту пред ниту после трчањето, а водата е неопходна. Не пијте кафе, млеко или шеќер пред трчањето за да не се испровоцира инсулинот, бидејќи кога е висок, не се трошат вишокот масти. Доколку трчате секој ден, еден ден оставете го за одмор. За почеток трчајте 20 минути (2-3 километри), после недела дена ќе го зголемувате временскиот интервал или километрите. Трчањето со средно темпо согорува околу 640 калории на час.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu