Home / Методика на ФЗО / Три корнери – пенал !!!

Три корнери – пенал !!!

fudbal1Поагајки од фактот дека денешните деца и млади воопшто не се дружат и не играат со своите врсници во деловите од своите маала, улици или делови од градот, преку оваа статија сакав само да го преставам играњето на фудбал многу одамна … фудбалот на мојата улица … мојот уличен фудбал. И покрај тоа што тоа беше неформална игра и забава сепак владееа и функционираа некои правила кои уличниот фудбал го правеа забавен за сите учесници.

ПРАВИЛА НА УЛИЧЕН ФУДБАЛ:
– натпреварот се игра на улица или на дел од тревната површина во парк
– натпреварот завршува кога сите ќе се изморат
– пенал е досуден ако повредениот многу пцуе
– многу чест резултат 14-12
– ако сопственикот на топката се навреди, ја носи топката дома и мечот е готов
– сите ја бараат страната на која не треба да идат далеку по топката
– најдебелиот од маалото е на гол
– голманот е секогаш крив за примен гол
– најмалиот трча по топката
– најстариот мора да игра секогаш
– каменот се користи како статива
– полувреме е кога си жеден
– 3 корнери – пенал
– нема судија
– аут се изведува со нога
– ако резултатот на крај е изедначен, се игра на 2 разлика
– после натпреварот се пие вода во комшискиот двор, а таму не брка некоја баба
– а за целото време на натпреварот некои лут комшија токму во тој момент одмара, а ние му пречиме.

Сепак овој начин на играње беше корисен за сите нас. Беше непроценлива забава со другарчињата. Сите среќни и весели заминувавме дома, бевме малку валкани и не средени но сепак играта не здружуваше и играта помеѓу нас развиваше ривалство, спортски дух, создаваше спортски идоли, а на крај оваа игра не дозволуваше да се затвориме дома како голем број на денешни млади потиснати од информатичката технологија остануваа затворени во својот мал компјутерски микро свет.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu