Home / Индивидуални спортови / Останато / Трекинг- потешка форма на пешачење

Трекинг- потешка форма на пешачење

imagesОваа активност ги зајакнува мускулите на целото тело, белите дробови и срцето; со неа може да се занимаваат сите независнот од полот и возраста. Трекингот, малку потежок облик на пешачење, денес е се попопуларна физичка активност. За да го избегнете заморот и болките во мускулите најдобро е да избирате патеки кои со својата должина и тежина одговараат на вашата физичка подготвеност. Трекингот е исклучително корисна активност. Патеките за трекинг се поделени по тежина, зависно од областа, односно видот на теренот по кој поминуваат. Трекерите го користат целото тело и со тоа ги зајакнуваат не само мускулите туку и целиот скелетен систем. Овој спорт бара добра физичка подготвеност, но со него може да се занимаваат сите, без разлика на полот и возраста. Трекингот е многу корисен и едукативен кога станува збор за децата – тие преку овој спорт доаѓаат во допир со природата, а воедно ги задоволуваат и своите потреби за физичка активност. Покрај тоа, се избегнува и постојаното седење пред компјутер и сите оние негативни последици кои се резултат на денешниот начин на живеење. Се зајакнуваат срцето, белите дробови и телото.

Трекингот е аеробна активност – отпорот при движењето е мал, но константен. Затоа е важно патеката која сакате да ја поминете да биде во склад со вашата физичка подготвеност; важно е да одите природно без премногу да се заморувате. За време на трекингот се активира целото тело – мускулите на нозете, рацете, грбот…

Исхрана
За време на оваа активност важно е секогаш со себе да имате вода и малку храна: околу 50% јаглехидрати, 15-20% протеини, 25-30% липиди. Исто така е важно во храната да има влакна и витамини. Житарици, интегрална храна, овошје и зеленчук на пример. Неколку дена пред ваквата активност препорачливо е да се зголеми внесот на јаглехидрати, додека за време на трекингот важно е да имате нешто лесно сварливо и не тешко за желудникот.

Облека
Денеска постои специјализирана облека и обувки за трекерите. Подобро да се снабдите со таква опрема доколку планирате редовно да се занимавате со трекинг затоа што таа е направена да биед удобна, но и едноставна. Таа облека, особено првиот слој на облека кој што е директно на кожата, е многу удобна затоа што не пречи во оптималното функционирање на телото во одреден контекст – кога е жешко, ладно, суво или влажно, функционирањето на телото воопшто не е отежнато поради облеката. Кога се чевлите во прашање, повторно е важен теренот и патеката која сте ја одбрале. Доколку е помал успонот и патеката не е претерано тешка ниту опасна (нема премногу камења, карпи, козји патеки…), надобро е да земете полесни чевли за пешачење. Во случај да тргнете на потешки патеки, земете повеќеслојни високи чизми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu