Home / Индивидуални спортови / Атлетика / Трачање за почетници

Трачање за почетници

imagesТрчањето е одличен избор на спортска активност.  Тоа е најприроден начин на согорување на килограмите,  кој воедно е и бесплатен,  а може да се спроведува каде било. Не ви е потребна скапа опрема, а резултатите се видливи навистина брзо. За време на оваа активност се лачи хормонот на среќа ендорфин,  благодарение на кој значајно се подобрува нашето расположение и се отстранува стресот.  Оваа спортска активност ја зголемува издржливоста и  кондицијата на организмот, а за време на 30 минутно  трчање се согоруваат околу 340 калории. Трчањето е извонреден начин за зајакнување на  имунитетот и подобрување на циркулацијата, со што се  намалува ризикот од срцеви болести, особено од инфаркт. Исто така, доаѓа и до поголемо снабдување на мозокот со кислород. Во продолжение Ви преставувам дванаесет неделна програма за трчање.

ПРВА СЕДМИЦА
– трчање 0 минути
– одење 4+1 минута*
Вкупно време = 20 минути
* брзо одење 4 минути, потоа лесно одење 1 минута

ВТОРА СЕДМИЦА
– трчање 1 минутА
– одење 3 минутИ
– повторете 5 пати
Вкупно време = 20 минути

ТРЕТА СЕДМИЦА
– трчање 1 минута
– одење 2 минути
– повторете 7 пати
Вкупно време = 21 минути

ЧЕТВРТА СЕДМИЦА
– трчање 1 минута
– одење 1 минута
– повторете 10 пати
Вкупно време = 20 минути

ПЕТТА СЕДМИЦА
– трчање 2 минути
– одење 1 минута
– повторете 7 пати
Вкупно време = 21 минути

ШЕСТА СЕДМИЦА
– трчање 3 минути
– одење 1 минута
– повторете 5 пати
Вкупно време = 20 минути

СЕДМА СЕДМИЦА
– трчање 4 минути
– одење 1 минута
– повторете 4 пати
Вкупно време = 20 минути

ОСМА СЕДМИЦА
– трчање 6 минути
– одење 1 минута
– повторете 3 пати
Вкупно време = 21 минути

ДЕВЕТА СЕДМИЦА
– трчање 9 минути
– одење 1 минута
– повторете 2 пати
Вкупно време = 20 минути

ДЕСЕТА СЕДМИЦА
– трчање 12 минути
– одење 1 минута
– потоа повторно трчање 7 минути
Вкупно време = 20 минути

ЕДИНАЕСЕТА СЕДМИЦА
– трчање 15 минути
– одење 1 минута
– потоа повторно трчање 4 минути
Вкупно време = 20 минути

ДВАНАЕСЕТА СЕДМИЦА
– трчање 20 минути
– потоа скокнете од радост дека ја совладавте шемата
Вкупно време = 20 минути

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu