Home / Исхрана на спортистите / Тиквата – ризница на здравје

Тиквата – ризница на здравје

bundeva-e1357682367417Со богатиот спектар на хранливи и здравствени состојки, тиквата е незаменлива намирница во есенскиот јеловник. Премногу е богата со витаминот А, витамин кој е важаен за здравјето на очите, конкретно на мрежницата. Благодарејќи на бета – каротенот, оваа намирница преставува силен анти-оксиданс и ги штити очите од катаракта. Тиквата содржи 90 % вода со што таа станува идеална за сите оние кои имаат желба да ја намалат телесната тежина, а при тоа не ги скратуваат можностите на организмот за минерали и витамини. Темно-жолтата врста на тикви содржи и специфична киселина која делува против канцерогените клетки.
Семките од тиквата исто така се многу хранливи. Содржат 20 % од протеините со најдобар квалитет, многу целулоза која ја регулира работата на органите за варање, а истовремено се и добар извор на калијум – минерал кој е важен за метаболизмот, рамнотежата на течности во организмот , срцето, крвните садови и нервниот систем.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu