Home / Индивидуални спортови / Тешкиот и голем ултра-маратон Баркли

Тешкиот и голем ултра-маратон Баркли

barkliМаратонот  Баркли (Barkley) е долг 160 километри, а се смета за еден од најтешките  ултра-маратони во светот. Од првата трка која се одржала во 1986 година до денес, околу 1.100 учесници се обиделе  да го завршат. Но за 30 години,   успеале само 14, а и во 2015 година, никој !
Должина на маратонот не е единствената пречка на патот до целната линија. Трката се одржува во Frozen Head State  паркот  во американската држава Тенеси, во неговите планински предели, каде  натпреварувачите треба да совладаат големи искачувања и успони кои се доста  екстремни. Трката се состои од пет круга и вкупното искачување изнесува  повеќе од 18 километри, што е еквивалентно на искачувањето  на Монт Еверест и тоа повеќе и од два пати.
Со цел да се отежни совладувањето на овој маратон , организаторите поставуваат  строги временски рокови и критериуми. Целата трка мора да се заврши за 60 часа, со ограничување од 12 часа по круг. На трасата на маратонот нема базни станици со храна, вода  или  медицинска помош.  Вода е достапна на само две локации. Мобилните телефони и ГПС уредите се забранети. Наместо тоа, натпреварувачите добиваат едноставна карта  со која  можат  да се ориентирааат и фокусираат на патеката . На контроните пунктови има книга  од која секој натпреварувач мора скине  страница, која го означува неговиот натпреварувачки бројот. Ако сте заборавиле да скинете страница , или пак сте ја изгубиле некоја од страница, ве чека  дисквалификација и сите ваши  напори и труд се залудни.
Маратонот е основана од страна на Гери Кантрел  инспириран од приказната на убиецот на Мартин Лутер Кинг, кој   во своето бегство од затвор успеал  на оваа локација  да помине нешто повеќе од   12 километри за  55 часа. Стариот затвор и  е сега дел од трасата на маратонот.barkli2
Бројот на учесници е ограничен на 35  и сите места се пополнети за неколку минути  на  денот на регистрацијата. Учесниците мора да обезбедат докази за нивната  физичка подготвеност, но и да напишат есеј “Зошто треба да ми биде дозволено да трчам на  Баркли”.  Организаторите на  овој настан никаде не го  рекламираат , ниту пак имаат  веб-сајт. Сепак  интересот на авантуристите  да се обидат на  во овој голем  потфат е огромен. Кантрел  има  одбиено  голем број понуди со  значително големи  износи на пари за место “преку  ред”. Неговиот одговор бил  секогаш ист: “Не можете да го купите Баркли!”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu