Вертикалниот скок со замавнување на раката е моторички теренски тест за проценка на експлозивната сила на испитаникот на долните екстремитети . Задачата на испитаникот е да изведе максимален одредаз и со доминантната рака допре што е можно повисоко на поставената мерни листови (Систем за мерење “Vertec“) или да остави отисок од прстот на мерната скала на ѕидот (сарџент). Потребно е да се реализираат два исправни вертикални скокови. Одморот помеѓу двата скока е 30 секунди. Од измерената висина на дофатена во скок се одзема висината забележана во стоечка положба. Добиениот резултат се изразува во сантиметри и тоа преставува висина на скокот на испитаникот.
м-р Ангелче Гушев