Агилноста е од големо значење за тимски и индивидуални спортови. Агилноста ја покажува способноста на индивидуата брзо да антиципира, реагира, прецепира, експлозивно да ја менува насоката на движење и да исполнува брзи движења во сите рамнини. Т-тестот ја мери способноста на движење во различни насоки (латерално-напред-назад) и брзата трансформација од еден во друг правец. Овој тест како вежба изведувајте го во почетната фаза од главниот дел на тренингот, а доколку го комбинирате во некаква тест батерија, позиционирајте го на почетокот за да имате поточни резултати.
Што е потребно за реализација
– штоперица
– конуси
– нелизгава подлога
– метро
Што треба испитаникот да направи
– загревање најмалку 10 минути со спечифични вежби и динамичен стречинг
– да се запознае со правилата за изведба на тестот
– тестот да го изведе максимално
Изведба на тестот: Поставете ги конусите на раздалеченост како на слика 1. конус А-B 10 метри, конус В-C 5 метри, конус В-D 5 метри. Во латералното движење не треба да се прекрстуваат нозете.
Стартот се наоѓа на конус А
На знак на мерачот се активира хронометарот и испитаникот се движи од конус А кон конус В во полн спринт и го допира конусот B со десната рака.
Латерално се придвижува до конусот C и го допира конусот со левата рака.
Латерално се придвижува до конусот D и го допира со десната рака.
Латерално се придвижува до конусот B и го допира со левата рака.
Наназад трча до конусот А и се запира времето на хронометарот кога испитаникот ќе го одмине конусот А.
Од 4 мерења се зема најдобрата вредност
Паузата помеѓу мерењата е минимум 2 минути
Оваа табела е за општа популација и ви дава некаква индикација околу вашата агилност. Вредностите се во секунди
Слабо Просек Добро Одлично
Мажи >11.5 – 10.5 до 11.5 – 9.5 до 10.5 <9.5
Жени >12.5 – 11.5 до 12.5 – 10.5 до 11.5 <10.5