Home / Колективни спортови / Тестови за кондициска подготовка во ракометот

Тестови за кондициска подготовка во ракометот

maxresdefault (1)За да ја процениме физичката подготовка на играчите во ракометната игра  треба ги реализираме следните специфични тестови кои ги проценуваат моторичките способности на ракометарите во тимот, а тоа се:

–    Спринт на 20 метри (со пролазно време на 5 и 10 метри)
Проценка на стартната реакција со топка на звучен сигнал, стартно забрзување со водење на топка, експлозивна сила од типот на спринт со водење на топка, летечки старт на 10 метри со водење на топка и технички елементи при водење на топка.

–    Водење на топка во слалом околу 9 сталки
Проценка на специфичната агилност (криволиниско движење со топка) и проценка на водење на топка во специфични структурни движења

–    Движење помеѓу стативите и линија 4 метри
Специфична агилност (симулација на движења помеѓу халфот и голманот)

–    Прецизност на шутирање од став на 7 метри
Специфична прецизност

–    Фрлање на топка од седење разножно од линија на 4 метри
Брзината се мери со радар и се утврдува специфичната сила на фрлањето

–    Фрлање на топка од основен став од линија на 6 метри
Брзината се мери со радар и се утврдува специфичната експлозивна сила на фрлањето, техниката на шутирањето

–    Фрлање на топка од основен начин со залет од три чекори
Брзината се мери со радар и се утврдува специфичната експлозивна сила на фрлањето и техниката на трочекорот

–    Фрлање на топка од скок со залет од средишната линија на 9 метри по водење на топка
Брзината се мери со радар и се утврдува специфичната експлозивна сила на фрлање, техниката на скок шутот и техниката  на трочекорот

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu