Home / Колективни спортови / Тестови за кондициска подготовка во кошарката

Тестови за кондициска подготовка во кошарката

0083134500421_500X500За да ја процениме физичката подготовка на играчите во кошаркарската игра  треба ги реализираме следните специфични тестови кои ги проценуваат моторичките способности на кошаркарите во тимот, а тоа се:

–    Тест 20 јарди
Проценка на агилноста, експлозивна сила од типот на стартно забрзување, брзина на движење во кошаркарски став, динамичка рамнотежа

–    NBA Agility тест
Проценка на агилноста, експлозивна сила од типот на стартно забрзување, брзина на движење во кошаркарски став, промена на насока на движење, динамичка рамнотежа

–    Тест Спринт 20 метри или тест спринт  ¾ од кошаркарскиот терен
Проценка на стартно забрзување, експлозивна сила од типот на спринт

–    Водење на топка со промена на насоката на движење и рака на водење на топка ( 10м. + 10 м.)
Проценка на агилноста со свртување (180 °) со топка

–    Repeated Basketball Agility Test (RAST но со агилност)
Проценка на експлозивна сила од типот на спринт, агилност со промена на насоката на движење. Проценка на компонентите со гликолитичен енергетски состав

–    Тест 300 ѕарси или 300 м.
Проценка на експлозивна сила од типот на спринт, агилност со промена на насоката на движење. Проценка на компонентите со гликолитичен енергетски состав

–    Самоубиство (со топка и без топка)
Проценка на експлозивна сила од типот на стартно забрзување, агилност со промена на насоката на движење. Проценка на компонентите со гликолитичен енергетски состав и проценка на агилноста со свртување со топка

–    Вертикален скок
Проценка на експлозивна сила од типот на отскочност

–    Фрлање на топка од седење
Проценка на експлозивна сила од типот на фрлање и техничко исфрлање

–    100 шутирање на “тројка“ или “двојка“ (10х10)
Проценка на прецизноста на шутот за 2 или 3 поени

 

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu