Стрелаштво

strelanjeСтрелаштво е спорт во кој се користат најразлични видови на пушки и пиштоли. Овој спорт не треба да се меша со стрелање, спорт во кој се користат стрели. Во овој спорт целта е пукање, погодување во поставена мета. Пукањето со врши со дијаболи или куршуми. Пушка е огнено или водушно оружје,кое спаѓа во групата на долги оружја за кој е потребно придржување со две раце за да може да се стрела прецизно Пушката генерално има поголем опсег на должина на испукување и поголема прецизност,и е популарна за лов. Пиштол е огенено или возушно оружје,кое е помало од пушката,и е доста поудобен за носење.Оваа оружје обично има помал опсег на должина на испукување и помала прецизност за разлика од пушката. Оваа дисциплина најчесто се изведува во заворенипростории, или пак на отворено место подалеку од населени места,односно подалеку од дометот на оружјето за да не се случи инцидент предизвикан од “заскитан” куршум или  дијабола.

Видови на пушки и пиштоки кој најчесто се користат за стрелање
Пушки:
-Сериска воздушна пушка
-Стандард воздушна пушка
-Малокалибарна (малокалибарска) пушка
-Стандардна малокалибарска пушка
-Сериска малокалибарска пушка
-Воена пушка
-Полуавтоматска пушка

Пиштоли:
-Стандарден воздушен пиштол
-Сериски малокалибарски пиштол
-Спортски пиштол
-Стандарден малокалибарски пиштол
-Мал калибар со брзо гаѓање
-Голем калибар со средно гаѓање
-Воен пиштол

Муницијата за воздушно оружје мора да биде направена од олово или сличен мек материјал со максимален дијаметар од 4,5 мм. Едно зрно може да биде во било која форма. Малокалибарската муниција мора да биде направена од олово или сличен мек материјал, исто како и за воздушно оружје, но овој пат со со дијаметар од 5,6 мм.  Гаѓање со пушка на 10м.Метите за големокалибарска пушка се 1х1, за пиштол 0,50х0,50, за малокалибарска пушка 16,4х16,4, а за воздушна пушка 8,3х8,3. Растојанието на пукање е различно. За голем калибар-300м, мал калибар-50м, за воздушна пушка-10м, за малокалибарски, големокалибарски и автоматски 25м.

Развој на стрелаштвото како олимписка дисциплина
Стрелањето било еден од деветте натпревари на првите модерни  Олимписките игри во Атина, во 1896 година. Во Париските игри во 1900 година биле користени гулаби како подвижни цели. По овие игри гулабите биле заменети со глинени цели. Во 1907 година,се формирала Меѓународната стрелачка федерација,која вовела нови Стандарди во оваа дисциплина. Кога стрелањето било повторно воведено во 1932 година, тоа се состоело од само два натпревара. Од оваа година, бројот на настани се зголемувал постепено,кога од  2000-2004 се достигнал максимумот од седумнаесет настани. Сега се состои од 15 настани,на различни далечини и различно оружје.

Правила со стрелаштвото
Во сите натпревари со пушка и пиштол, се користат кружни цели.Овие цели се состојат од серија концентрични кругови, со секој погодок во помал круг се постигнуваат помалку поени.Целна големина варира во зависност од растојанието од стрелецот на голот. Центарот кругот на оваа цел е она што обично се нарекува bullseye, а тоа е во вредност од десет поени. Резултатите се изнесуваат за да се утврди победникот на секој настан, што секако е стрелачот со највисок резултат.

Опрема
Што се однесува до опремата за пукање, во неа спаѓаат: пантоли и бунда кои се градени со цврст материјал, нараквица за постабилност на раката, и патики за поголема стабилност на стапалата и помал замор. Во опремата за пукање спаѓаат и капа, ушни тампони, хартија за око.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu