Home / Престој во природа / Логорување во природа / Сениорски средби на извидниците од Западен Балкан

Сениорски средби на извидниците од Западен Балкан

sim1Во периодот од 14-16.2.2014 година во Жабљак, Република Црна Гора се организираа вторите брѓански (сениорски) средби на извидниците од Западен Балкан. На овие средби учество земаа делегации од извидничките сојузи на Македонија, Србија, Црна гора, Хрватска и Босна и Херцеговина. На оваа тридневна средба за учесниците се орагнизираа повеќе темаски панели на кој се разговарше за: ревизија на заклучоците од првата ваква средба одржана во Босна и Херцеговина во 2013, потоа за квалитетот на програмата на извидничката организација , обуката  на инструктори, систем за квалитет и аналитика, извидничкото движење во заедницата, систем на заедничка размена на информации помеѓу националните сојузи. Како најдобри начини на продолжување на соработката е креирање на заедничк проекти, учеството на националните смотри  на Сојузот на извидници на Црна гора (во Бар во месец јули 2014 ) и Сојузот на извидници во Србија (во Бела црква месец  јули 2014). Покрај овие заеднички активности се разгледуваа  и можности  за заедничко учество на најголемиот светски извиднички собир – Светското Џамбори во Јапонија во 2015. За сите учесници беше организирана и посета на преубавото Црно езеро кое се наоѓа во рамките на националниот парк “Дурмитор“. Делегацијата на СИМ беше составена од  14 извидници од извидниките одреди “Димитар Влахов“ од Велес,“ Јадран “ од Скопје и  “Крсте Јон“ од Струга Учесници од извиднички одред “Димитар Влахов“ беа Јордан Бајрактаров, Ангелче Гушев и Влатко Влахчев

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu