Home / Спортски настани / Спорт, наместо насилство во училиштата

Спорт, наместо насилство во училиштата

fudbalУчениците од велешките училишта денеска се натпреваруваа во мал фудбал. Играа момчињата, но и девојките. Организатор е Советот за превенција при СВР Велес.
Тие го реализираат проектот „Заедно против насилството во училиштата“. Целата им е да го развијат дружењето кај младите преку спорт. „Сакаме со спорт да ги одалечиме  децата од пред компјутерите и трошењето на време. Вака ќе се развијат во правилни личности“, рече Ненко Алекандров, Совет за превенција. За успешно спроведување на проектот, неопходна е добра соработко на релација: полиција – училишта – ученици – родители. Надлежните засега се задоволни. Велат дека ја постигнуваат целта. „Во Велес има одлична соработка и со родителите како многу значаен фактор. Имаме преку 40 лица вклучени во проектот и мислиме да го опфатиме секој ученик“,рече  Александров. Проектот „Заедно против насилството во училиштата“ се спроведува три години. Од Советот за превенција велат дека ќе продолжат и понатаму да го реализираат со новите генерации. Резултатите засега се евидентни. Значително се намалени ситуацииите со насилство во училиштата. Проблемите се решаваат со дијалог. „Значително е подобрена безбедносната состојба во училиштата и затоа треба да продолжиме со проектот, а не да ги оставаме  работите стихијно да се одвиваат“, рече  Александров. Натпреварите помеѓу учениците ќе продолжат и утре со турнири во кошарка. Во ноември следуваат регионалните натпревари помеѓу учениците од Велес и Кавадарци.

превземено од: www.lisica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu