Home / Методика на ФЗО / Спортскиот бон тон како модел за интегрирање на децата од школска возраст

Спортскиот бон тон како модел за интегрирање на децата од школска возраст

site-deca

На 4.9.2014 година на Градскиот стадион во Велес беше реализирано промовирање спортски бонтон како модел на интегрирање на децата од школска возраст во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавање со нивните традиции, култури и обичаи, е целта на проектот „Традиционални спортски игри”, кој денеска стартуваше во Велес.На отпочнувањето на проектот присустуваше Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, како покровител на оваа спортско-културна манифестација, Амбасадорот на САД во Македонија, Н.Е. Пол Волерс, Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев и градоначалниците на општините Свети Николе и Маврово Ростуше.

Инаку проектот „Традиционални спортски игри (Спортски Бон-Тон)” се реализира преку спортско-културни манифестации во општините Велес, Карпош, Маврово-Ростуше, Ново Село, Охрид и во Свети Николе. Претходно, во 2013 година проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски Бон-Тон)” беше имплементиран во општините Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и во Теарце, додека во 2012 година проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување” беше спроведен во општините Тетово, Прилеп, Центар, Старо Нагоричане, Шуто Оризари и во Врапчиште.

Традиционалните детски игри  ,,царуваа,, на  Градскиот стадион во Велес. Сто педесет деца од шесте општини кои се дел од третата по ред манифестација Спортски Бон Тон.На почетокот непознати но потоа многу лесни и интересни вака малите натпреварувачи ги опишаа игрите кои за миг ги заменија оние од компјутерите .„Јас никогаш не сум скокала со вреќа, изгледа едноставна игра ама веруваје многу е интересна, мислам дека ќе ја играме и во иднина а не само денеска“„Се дружиме, влечиме јаже, скокаме во гуми, интересно и многу забавно“,„Се собравме многу деца од сите градови и имаме убави традиционални игри“, велат анкетираните ученици, учесници во проектот Спортски Бон Тон.

Целта на проектот е преку  игра, забава и дружење на децата  од различните етникуми да се подобруваат меѓуетничките односи во Република Македонија, вели покровителот на манифестацијата претседателот Горѓе Иванов.„Она што децата  ќе го научат во спортот ќе им треба низ целиот   живот, да научат да го почитуваат противникот, да научат дека треба да се успее, дека за секој успех треба кондиција, да се подготвуваат за секој натпревар, да знаат да ги почитуваат правилата на игра“, рече Гоѓе Иванов, претседател на Република Македонија. Дружењето, соработката и тимската работа  се подеднакво важни за сите и во сите сегменти на живеењето, токму ова било причина проектот да добие подршка и од  Американската амбасада.

„Знам дека ќе биде возбудлив период за децата кои учествуваат, дека времето поминато со спорт и пријателство  и на сите ви посакувам забава и многу успех“, рече Пол Волерс, амбасадор на САД во Република Македонија.

Организаторите очекуваат другарството создадено денес дека ќе биде добра основа врз која ќе се градо соживотот во Македонија.

„Сакаме да ја задржиме традицијата сепак на ова тло во РМ имало одредена традиција која се негувала и ние преку вакви проекти сакаме и на идните генарации да им пренесеме да не се изгуби традицијата“, рече Иван Анастасовски, Геостратешки институт Глобал.

 Одлуката Велес да биде дел од општините вклучени во овој проект, но и од тука  да започнат игрите  за локалната самоуправа е признание за сите досегашни реализирани активности кои го јакнат етничкиот соживот.

„За нас значајни се сите вакви активности, денес сме домаќини а во иднина децата од Велес ќе бидат гости учесници на сите други спортски манифестации“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.

До ноември годинава, децата учесници во овој проект ќе се дружат и спортуваат на спортски терени во Охрид, Маврово и  Ростуше, Свети Николе, Ново Село и во Карпош.

превземено од: https://www.facebook.com/cadievslavco

                                  www.lisica.mk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu