Home / Спортски настани / Со спорт до подобар свет

Со спорт до подобар свет

Согласно конкурсот за доделување на грантови за финансирање на проекти на граѓански организации во областа на креирање на младински политики за 2016 година во рамки на проектот „Градење локални капацитети за креирање на младински политики“ финансиран од Европската унија, а во имплементација на ПСМ Фондација и Фондација Евро Центар, се поддржаа вкупно 6 граѓански организации. На територија на Општина Чашка носители на грантовите се: Извиднички одред „Димитар Влахов“ Велес и Училишен спортски клуб „Петре Поп Арсов„ Богомила.
Имено Училишниот спортски клуб „Петре Поп Арсов“ согласно предвидените активности на проектот „Со спорт до подбар свет“ набави 36 комплет дресови за учениците од основните училишта и тоа: ООУ „Петар Поп Арсов“- Богомила; ООУ „Лирија“- Горно Јаболчиште и ООУ „Тодор Јанев“ – Населба Чашка.
Проектот предвидува и поставување на фитнес аудор справа составена од 8 комплет справи во училишниот двор на ООУ „Тодор Јанев“ во Населба Чашка, како и брошура „Спортот и здравата храна- наше секојдневие“.

извор: http://caska.gov.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu