Home / Исхрана на спортистите / Со леблебија до подобро здравје

Со леблебија до подобро здравје

ZS_na1Леблебијата е мешункасто растение кое потекнува од Средниот исток, но брзо се шири и во Индија, медитеранските земји, и во Америка. Имаат жолто кафеава боја и по изглед потсетуваат на исушен грашок. Се јадат варени или пржени, имаат висока калориска вредност и многу се богати со хранливи состојки.  Бидејќи содржат висок ниво на белковини, многу се застапени во вегетаријанската кујна, бидејќи се одлична замена за риба и месо. Ова врста на мешунки е одличен извор на протеини и железо. Содржајот на калциум и калиум во листот на леблебијата е многу поголем од спанаќот и зелката, додека содржајот на железо, цинк, бакар е приближно ист.
Го намалува холестеролот – во овие мешунки има и магнезиум, кој е клучен фактор за регулирање на притисокот, контролирање на работата на срцето, врзување на калциумот за коската, како и намалување на нивото холестеролот. Леблебијата има низок гликемиски индекс, така да можи да поможи во стабилизацијата на нивото на шеќерот во крвта. Содржи висок процент на фосфор, дури 20 пати повеќе од риба, која е позната по високо количество на фосфор. Леблебиите лесно се варат и помогнуваат кај проблеми со пробавниот систем и на луѓе кои патат од синдром на иритабилно црево. Доколку редовно се јадат, ова мешунка можи брзо да го намали холестеролот.
Исфрлува отрови – леблебиите помагаат да се од организмот исфрлат сулфат кои често се користат како конзерванси во преработка на храната. Американската управа за храна  и лекарства ги даде информациите дека еден од 100 луѓе е преосетлив на сулфати. Ова осетливост може да се јави во било кој период од животот, а симптоми се слабост, мачнина, дијареја, алергија, тешко дишење.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu