Home / Индивидуални спортови / Сквош – динамична и забавна игра со каучуково топче

Сквош – динамична и забавна игра со каучуково топче

squash-gameВо светот сквош играта е препознатлива како една од најздравите и најомилените  спортови. Не е ни чудно, кога само 30 минути на теренот претставува фантастичен тренинг  за кардиоваскуларниот систем. Константното трчање на теренот ја изградува мускулната сила и  ја зголемува издржливоста во долниот дел од телото, додека во горниот дел ја зголемува флексибилноста. Сквош е динамична и забавна игра, еден од најбрзите и најисцрпувачките спортови.  Теренот е релативно мал и топчето од каучук брзо одскокнува и брзо се враќа кон играчите  (рекорд: 242 km/h). Оваа игра ја зголемува концентрацијата, психо-физичката стабилност  и ослободува од катадневниот стрес со кој човекот постојано се сретнува во современото општество.  Правилата на игра се исклучително едноставни, што е една од основните причини за распространетоста  на овој спорт.
Сквошот е игра со рекет и шупливо гумено топче и се одвива во затворен простор-сала  со точно одредени димензии. Еден против друг играат два натпреварувачи, иако има и дубл варијанта,  т.е. 2 тима со по 2 играчи што е се поретко во светот. Топчето задолжително мора да се удри  во предниот ѕид, но се користат и останатите 3 ѕида за одбивање на топчето. Поен се добива,  односно губи, кога топчето ќе падне два пати на паркетот или кога ќе удри во деловите од  ѕидовите кои се сметаат за аут. Топчето е со дијаметар околу 4cm и со тежина од 23-25 грама.  Рекетите се слични на тениските, имаат иста должина и се со жица (шпан), но се многу полесни,  најчесто  меѓу 100 и 200 грама. Секој може да игра и брзо да напредува.
Оваа играта потекнуваат уште од 12. век во Франција.  Откако во 15. век тенисот се одвоил како спорт, поминало време за да се  конципира сличен спорт, со топче и рекет кој ќе се игра во затворен простор.
Се смета дека во сличен форма на денешниот постои од минатиот век и „родно место“  е озлогласениот затвор Флит во Лондон. Наречен е сквош од англиското squash,  што значи „згмечено“,  заради топчето кое трпи големи деформации при ударите.
Неколку фактори влијаат на тоа да е помалку „видлив“ како спорт и тоа не само кај нас туку и во светот, а пред се мисли на ТВ преносите. За среќа, со новите технолошки и технички решенија, има огромен напредок, особено во последниве 5 години. Кога се игра во сала со 4 стаклени  ѕида натпреварите може да ги следи публика од неколку илјади па се до над 10 илјади посетители.  Со организирање натпревари на спектакуларни локации (на пр. крај пирамидите во Гиза или  Гранд централ станицата во Њујорк) ТВ преносите се многу атрактивни и интересни. skvos1
Привлечноста и атрактивноста на игра е многу голема. Најпрво, брзината на целата игра – зашто топчето на моменти се движи со брзина од 200 км на час и тоа  не е на сервис, туку во игра. Потребна е експлозивност на играчите,  со брзи стартови и брзи промени на насоката на движење.  Потребна е издржливост, и тоа не само аеробна, туку и анаеробна, бидејќи на моменти  има големи напрегања на големите мускулни групи.
Многу помага флексибилноста, како и еластичноста,  бидејќи во сквошот постојано мора да се заземаат позиции на телото со  сосема расчекорени нозе, на моменти да бидете свиткани до самиот паркет  со рацете и целото тело. Освен овие физички аспекти, потребна е и спортска интелигенција,  психичка стабилност, тактика и техника.
Според магазинот Форбс, сквошот е на првото место на листата на најздрави спортови.  При тоа се оценувани 6 фактори, од кардиоваскуларна издржливост до потрошувачка на енергија (калории) во одредено време и можност од повреда.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu