Home / Престој во природа / Логорување во природа / Скаутска академија – Белгија 2013

Скаутска академија – Белгија 2013

bojanКако дел од годишната програма на Европскиот Скаутски Регион при WOSM и WAGGGS оваа година во местото Malle близу Antwerp во Кралството Белгија беше организиран настан под наслов The Academy 2013, под домаќинство на белгиските скаути. На овој едукативен настан кој беше одржан во периодот од 29ти Октомври до 3ти Ноември, за да го зголеми своето извидничко искуство и образование, присуствуваше и нашиот активен извидник Бојан Миклош од единствениот градски извиднички одред “Димитар Влахов“ – велес , а во  состав на македонскиот контингент кој го сочинуваа (Ана Костовска- ИПО “Галеб”- Скопје, Абдула Дули Јонузи ИО “Башкими”- Зајас ).  Агендата на оваа академија беше исполенета со различни предавања по пат на пленарни сесии со широк спектар на теми на кои можеа учесниците активно да учествуваат. Предавањата беа одржувани од високо образовани инструктори од Светската Скаутска Организација кои на неформален начин го збогатуваа искуството и им даваа практични совети на учесниците. Темите на кои можеа да присуствуваат учесниците беа од три области- едукација, раководење, презентација. Во рамките на овие области темите изобилуваа со информации, совети, трикови и алатки за најбрзо и безболно достигунување на саканиот резултат.
Со цел издигнување на извидништвото на повискок степен, проширување на извидништвото на локално и национално ниво, претставување на извидничките активности и методите по кои тие се организираат, препознавање на не формалното образование и искористување на истото, нашиот извидник успеа да ги посети сесиите:

-Да се биде активен говорител/ порпарол во Извидништвото
-Развивање на стратегија за вашата организација
-Стратегии за раст
-Фундаметализам на извидничкиот ДНК, како да се комуницира со општеството
-Како да се направи извидништвото достапно за сите
-Препознавање на неформалното образование, што може да се искористи од извидништвото
– Менторство и Тренерство
-Духовност во извидничките методи

При слушањето на овие сесии и активната комуникација со инструкторите и со останатите учесници, можеа да се согледаат ставовите на извидниците од цела Европа и да се споредат со националните. Со здобиените знаења и беспрекорните совети од Инструкторите и споделените искуства и знаења со Националните Комесари низ Европа се согледа вистинската слика на Извидништвото во Европа.
Покрај официјалниот дел кој траеше секој ден од 8.00 до 20.30 нашите извидници учествуваа и на неофицијалните слободни активности на кои имаа шанса да научат некои од традиционалните танци на Белгија и националните забавни игри, вистински коктел од култури се создаде на Интернационалната вечер на која учесниците ја претставуваа својата земја преку својата традиција.

Со самото присуство на оваа академија беа донесени прекрасни импресии и искуства. Преку организиран настан во текот на оваа година на останатите извидници во Македонија ќе им биде пренесена суштината на предавањата и идеите од Академијата во Белгија

Бојан Миклош

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*