Home / Исхрана на спортистите / Семе од чиа – чудо од храна

Семе од чиа – чудо од храна

Chia seeds

Чиа семе е најновата супер храна која, за која сите зборуваат. Ова лековито семе повеќето луѓе го дефинираат како “магично” семе, намирница која прави чуда во нашето тело.Која е тајната?

Што всушност е чиа семе
Ние веруваме дека многумина од вас никогаш не слушнале за чиа семето, и покрај тоа што постои илјадници години. Чиа семето или латински Salvia hispanica,се плод на растение од фамилијата на нане,кој расте во Мексико и Гватемала.Се верува дека семето било составен дел од исхраната на Маите и Ацтеките. Чиа значи снага, а во традицијата на овие народи белото и црно чиа семе се користеле за подигнување на енергијата,но исто така било и дел од нивните религиозни церемонии, аго користеле и за медицински цели.

Главните придобивки од чиа семето
Чиа е билка која е најбогата со омега 3 масни киселини,протеини и влакна, а исто така содржи и голем број на витамини,минерали и антиоксиданси. Семето е одлично за регенерација на кожата, во согорување на мастите, го зајакнува телото и позитивно влијае на органите за варење. Нутриционистите се согласуваат со тоа дека, доколку се чувствувате слабо, без енергија бидејќи влијае на работата на мускулите и ја ослободува енергијта од вашето тело, па често го користаат и спортистите. Ова семе содржи 37% прехрамбени влакна кои ја стимулираат работата на цревата. Диета, или строга исхрана базирана на ова семе, се покажала брилијантна како превенција од рак на дебелото црево. Чиа семето содржи и омега 6 масни киселини, антиоксиданси( само еден грам од семето содржи 4 пати повеќе од свежи боровинки) и протеини кои се мнгу важни за здравјето на кожата. Истражувањата покажуваат дека консумирањето на чиа семе, исто така влијае и на здравјето на косата и ноктите,што се должи на фактот дека е и извор на протеини(20%) кои телото мора постојано да ги има, со цел да го одржува и заштити коренот на косата и ноктите кои се и направени од протеинот кератин.

Може да ви помогне во губењето на килограми
Консумирањето на чиа семето влијае на намалување на апетитот,го забрзува метаболизмот и активира гликоген, што е од суштинско значење во согорувањето на мастите.

Колку треба да се консумира
По една лажица на ден се препорачува,и не повеќе од тоа бидејќи чиа семето содржи многу растителни влакна и може да го оптовари чувствителниот стомак.

Како да го конзумираме семето од чиа
Чиа семето е со многу лесен и пријатен вкус, а наједноставен начин е да го изблендирате со овошје за некој пијалок,или како додаток во некоја витаминска салата и можете да го јадете и сирово. Трикот е да го потопите во вода 15 минути,толку за да нараснат до големина која е за 10 пати поголема од вообичаената.Може и со овесна каша, чие семе е поголемо, така што вашиот стомак ќе ослободи хормони кои ќе ве “информираат” дека сте најадени. Ова семе кога ќе го потопите во кокосово млеко и го изблендирате со бадеми,ананас, станува многу вкусен а притоа здрав напиток.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu