Home / СУС Велес / Реформи на училишниот спорт

Реформи на училишниот спорт

fusmak11За поголема популаризација училишните спортски натпревари ќе бидат и медиумски покриени од Македонската радио телевизја. Министерството за образование и наука најави реформирање на училишниот спорт, со цел во наредниот период во него да бидат вклучени и до 100.000  ученици, наспроти 30.000 колку што биле во минатата учебна година. За таа цел е подготвен Акциски план 2014-2016, интернет-страница sporstkiigri.mon.gov.mk за распоред на натпревари и резултати, а за поголема популаризација училишните спортски натпревари ќе бидат и медиумски покриени од Македонската радио телевизја. Новините денеска на прес-конференција ги најави министерот за образование и наука Спиро Ристовски, заедно со првите луѓе на Агенцијата за млади и спот и на Федерацијата на училишен спорт на РМ, Марјан Спасески и Александар Туфекчиевски. Акцискиот план предвидува во секое училиште да се формира училишен спортски клуб, кој по своја програма ќе ги реализира активностите и спортските натпревари. Во општините со повеќе од пет училишта ќе се формираат општински сојузи за училишен спорт, задолжен за спроведувањето на натпреварите и спортските манифестации, согласно со калнедарот на натпревари и пропозициите на Федерацијата за училишен спорт.
– Предвидено е воведување нови програмски содржини за организирано спортување, односно масовен спорт, преку кој е можно вклучување на голем број ученици, како натпревари од атлетските крос дисциплини, планинарски и велосипедски тури и слично. Освен новите содржини, ќе продолжи да се реализира редовниот систем на училишни натпревари од март до јуни, во домаќинство на повеќе општини, рече министерот Ристовски. Додаде дека во реформирањето на училишниот спортски систем и во зголемувањето на опфатот на ученици од основното и од средното образование во училишните, општинските, регионалните и националните спортски натпревари е важна и активната сорабока на локалните самоуправи. Директорот на Агенцијата за млади и спорт Спасески информираше дека од новите програмски содржини најпрво ќе се почне со училишен атлетски крос во март, од кој националниот напревар за сите основни и средни училишта ќе биде на 17-ти и 18 мај 2014. Во периодот март-јуни во Скопје ќе се реализира и обука за непливачи „Научи да пливаш“, а од 21-ви до 27 март и од 13-ти до 19 октомври годинава ќе се организира „Недела на движењето“ за деца од рана и претшколска возраст.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu