Home / Методика на ФЗО / Примери на кинезиолошки активности за децата и младите

Примери на кинезиолошки активности за децата и младите

deteДецата и младите треба да се занимаваат со кинезиолошки  активности најмалку 60 минути секој ден, вклучувајќи  напорни активности кои ќе ги тераат да дишат забрзано од  умор. Тие дури можат да имаа поголема корист во однос  на здравјето ако бидат физички активни неколку часа секој  ден. За да им се помогне на децата и младите да бидат активни секој ден, тие треба да имаат можности да се  занимаваат со спорт, игра и вежба на училиште, после  училиште и за викендите. Кинезиолошката активност не мора да се изведува наеднаш.  Таа може да се акумулира во текот на денот со пешачење  или возење велосипед до и од училиште, вклучување  во активности на училиште, активно играње дома или  учествување во организирани спортски активности после  училиште и во текот на викендите.

Како да им помогнете на децата и  младите да бидат поактивни:

– Давајте им добар пример и имајте позитивен став  кон физичката активност. Ако вашите деца гледаат  дека со задоволство се занимавате со некоја физичка  активност и уживате во тоа, тоа може да ги мотивира и  тие да учествуваат.

– Поттикнувајте ги да играат во дворот, да танцуваат  на музика, да возат велосипед или да се вклучат во  напорни активности, на пример, трчање, пливање или  спорт како што е фудбал, кошарка.

– Најдете време да бидете активни како семејство –  пешачете до локалниот парк, возете велосипеди или  земете го кучето на прошетка.

– Поттикнувајте ги на “активни игри“ со тоа што ќе купувате  подароци што ќе ги натераат децата и младите да  станат на нозе и да се движат, на пример, топки, палки  за крикет, јажиња за прескокнување и друга спортска опрема. Тоа исто така ќе им помогне да развиваат и  вежбаат нови способности.

– Паркирајте се на одредена далечина од вашето  одредиште – училиштето, спортското игралиште или  продавниците – и пешаче

те го преостанатиот дел од патот.

– Обезбедете децата и младите да имаат можност да  бидат активни на училиште, преку активна игра или  организиран спорт.

– Поттикнувајте ги децата и младите да испробуваат  различни спортови или активности за да можат да  утврдат кој/а од нив најмногу го/ја сакаат.

– Започнете постепено и зголемувајте го времето  што вашето дете го поминува во физичка активност,  посебно ако претходно тоа не било многу активно.

– Ограничете го времето што децата и младите го  поминуваат во забава пред “малиот екран“ – на пример,  во гледање телевизија, одење на Ин

тернет или играње  компјутерски игри – на не повеќе од 2 часа дневно.

– Кога децата и тинејџерите се активни надвор, тие треба  да носат капи, соодветни обувки и да ставаат крем за заштита од сонце со заштитен фактор 30+.

– Додека тие се физички активни или се занимаваат со  спорт, осигурете се да пијат многу вода.

– Активниот начин на живеење се подржува со здрава  храна – осигурете се вашите деца да избираат здрава  храна и пијалоци и ограничете ја храната што содржи  голема концентрација на додаден шеќер, сол и  заситени маснотии.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu