Вардарската регата “Гемиџии“ се здоби со признанието за традиционални вредности. Општина Велес во соработка со Сојузот на спортови на Велес на 26.12.2024 год. (четврток) ги додели годишните награди за најдобри спортисти и спортски екипи и спортски настани.

Оваа година XXIV Вардарската регата Гемиџии која што беше организирана од страна на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, оваа година после 121 година го оствари вековниот сон да регатата да заплови од Велес и пристигне во Солун. 22 велешани пристигнаа до Солун во периодот од 20 до 26 јуни 2024 год.
Наградата ја прими старешината на велешкиот извиднички одред м-р Ангелче Гушев кој е и главен капетан на регатата.