Home / Индивидуални спортови / Придобивките од пливањето

Придобивките од пливањето

Swimming-LessonsБило која физичка активност е од големо значење, особено пливањето, го подобрува здравјето, а со тоа го продолжува животниот век на човекот. Пливањето е базичен спорт, кој треба да го применува секој човек. Особено е важно да го применуваат децата на возраст од 5 до 15 години. Научно е докажано дека пливањето е првиот спорт со кој децата треба да се сретнат на возраст од 5 години, па нагоре. Овој спорт се изведува во вода, средина која веќе му е позната на детето уште од мајчината утроба. Постојат неколку круцијални причини зошто секое дете треба да научи да плива.

Пливањето како физичка активност:

1. Позитивно влијае врз кардиоваскуларниот систем.
2. Ја подобрува работата на локомоторниот апарат.
3. Ја усовршува моториката на движења.
4. Ги активира истовремено сите мускули на човечкото тело.
5. Овозможува социјализација на децата.
6. Ги прави децата да се чувствуваат сигурни во вода.
7. Штом ги совладаат пливачките техники, децата се способни сами да се грижат за себе во вода.
8. Ги ослободува родителите од страв дека нешто непријатно ќе му се случи на навното дете во водата.
9. Ги релаксира и ги ослободува децата од каков било стрес.
10. Нема фактор од повреди во вода.
11. Дете кое знае да плива, може да спаси друго дете кое се дави и не знае да плива.
12. Водата ги прави децата среќни и им буди весели емоции.

Придобивките од пливањето се многубројни, но исто така има неколку работи кои родителите не треба да ги применуваат на своите деца во вода:
1. Не влегувајте во улога на тренери и не терајте ги со сила децата да пливаат.
2. Не внесувајте ги со сила децата во вода.
3. Не потопувајте му ја главата во вода, доколку детето не го сака тоа.
4. Не трауматизирајте го детето правејки споредби со други деца кои веќе знаат да пливаат

Спротивно на ова:
1. Запишете го детето во најблиското школо за пливање каде ќе ги усоврши и ќе ги научи пливачките техники.
2. Дозволете му на детето прво да ја допре водата, да се приспособи на температурата, па потоа да влезе со целото тело.
3. Бидете трпеливи доколку детето одбива да влезе во вода.
4. Бидете трпеливи доколку детето се плаши и нема желба да биде во вода.
5. Најдете соодветен начин како да го примамите детето да ја засака водата, а тоа значи преку игра, со топка, со пливка, со мускули, со најразлични пластични и гумени играчки за во вода. Многу е важен педагошкиот пристап на возрасните во овие моменти, бидејки во спротивно може да се постигне несакан ефект, а тоа е детето да доживее траума, да се изнаголта вода и сл. и никогаш повеќе да не добие желба за пливање.

swimming-lesson-groupЗатоа се препорачува децата да ги упатиме кон стручно лице, професор или тренер по пливање, кој има искуство во работа со деца на базен и кој има знаење да спроведе методологија на обука на пливачки техники. Овој процес на усовршување на нови навики во вода, може да трае и по неколку масеци. Тоа е кај секое дете различно, бидејки е исклучително индивидуална процедура. Некои деца учат побрзо, други пак, побавно. Но тоа не значи дека детето нема да научи да плива, напротив, децата релативно брзо ги совладуваат пливачките техники, во однос на возрасните. Многу е полесно да научите дете да плива, отколку возрасен човек. Штом еднаш детето ќе ги усоврши пливачките техники, тие остануваат врежани во централниот нервен систем и веќе се автоматизирани движења. Затоа, можеме доживотно да го применуваме пливањето како составен дел од нашето секојдневие. Пливањето, генерално спортувањето, претставува начин на живот и грижа за сопственото здравје.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu