Home / Престој во природа / Логорување во природа / Претставување на велешките извидници преку извидничкиот караван

Претставување на велешките извидници преку извидничкиот караван

dsc_0105Сојузот на извидници на Македонија започна да го организира Извидничкиот караван. Првиот оваков тип на активност се организираше на 24.9.2016 год. во Скопје , а денес 1.10.2016 год. караванот пристигна и во Велес во Младинскиот парк. На овој настан беа присутни голем број на извидници, а воедно беа и одговорни за целодневна забава со многу игри, работилници и активности за млади. Целта на Извидничкиот караван е да ги поттикне младите да бидат вклучени и да водат активен живот преку извидничката организација. Овие отворени денови за извидништво е место каде одредите ќе може да го промовираат својот одред, а и извидништвото во регионот како алатка за креирање на активно општеството. Преку извидничкиот караван младите ќе имаат можност да се вклучат во извидничката организација, програмите на Сојузот на извидници на Македонија и преку нив да ги развијат своите вештини. Во рамките на овој настан се организираше и презентација на извидничкото движење во Велес кое што оваа година влегува во своето 65 годишно постоење, а воедно беше преставена и цел окупната опрема и средства за работа со која располага извидничката организација во Велес. Тука беше организирано и упис на ново членство во одредот. Извидничкиот Караван е организиран од Сојуз на извидници на Македонија, а поддржан од Civica Mobilitas, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu