Home / Методика на ФЗО / Прескокнување на јаже

Прескокнување на јаже

Preskaknje_konopcaСо јаже за прескокнување може да се забавувате на многу начини – соло или во друштво. Кога детето ќе изрази желба да  прескокнува јажето, потребно е да го подесите на неговата должина . Идеалната должина за прескокнување на јажето е да застанете на средина на јажето, рачките на јажето да ги подигнете до пазувите. Доколку јажето е подолго можете да го замоткате околу дланките или пак да ги скратите рачките. Прескокнувањето на јажето може да биде во трчање, во место со обете нозе или пак наизменично, потоа напред – назад, вкрстено со поскоци напред-назад или во место.
Прескокнувањето на јажето може да биде и во друштво помеѓу двајца играчи  кои го држат јажето и воедно со него  вртат и формираат големи кругови, додека пак третиот играч стои помегу нив и  го прескокнува јажето. Друг начин на прескокнување на јажето е кога еден играч го држи јажето за една рака и ротирајки го околу себе, го врти јажето во круг на десетина сантиметри над земјата, додека пак еден или повеќе играчи го прескокнуваат.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu