Home / СУС Велес / Препораки за работење на училишен спортски клуб

Препораки за работење на училишен спортски клуб

fusm1Во просториите на градската библиотека “Гоце Делчев“  на 19.11.2013 год (вторник) се одржа состанок во организација на Сојузот на училишен спорт на Велес. На состанокот како гости беа присутни потпреседателот на Федерацијата на училишен спорт на Македнија и советник во Бирото за развој на образованието, г-дин Мустафа Алиу и Силвана Марковска овластен сметководител. На овој состанок на кој  учество земаа наставници по спорт и спортски акивности и физичко образование, беа презентирани активностите околу формирањето на Училишни спортски клубови во рамките на осноните и средни учулишта  во Велес и нивното финасиско работење. Формирањето на училишни спортски клубови е препорака на Министерството за образование и наука и ФУСМ.  Од страна на овластениот сметководител беа презентирани сите правила на регистрирање и финасиското работење во рамките на  еден училишниот спортски клуб, а додека пак од страна на Мустафа Алиу и Славчо Давитковски како потпреседатели на ФУСМ беа презентирани сите поволности од создавањето на спортски клуб во рамките на образовните институции. Ваква средба  се  одржа и на 16.11.2012 год. во СОУ Гимназија “Кочо Рацин“ во Велес,  каде беа присутни директорите и наставниците по спорт и спортски активности и ФЗО  од град Велес заедно со претседателот на ФУСМ , проф. Александар Туфекџиевски. И тогаш претседателот на ФУСМ ги запозна присутните со идејата за регистрацијата на училишен спортски клуб во  рамките на училиштата и сите придобивки кои произлегуваат од нивното формирање. Туфекџиевски воедно ги истакна и позитивните практични примери кои се појавиле од регистрираните 30 вакви училишни спортски клубови низ Републиката, а воедно напомена дека ФУСМ стои  на располагање и финасиски да ја помогне  административната регистрација за правното оформување на училишниот спортски клуб во рамките на  секое училиште со по 5.000 денари помош.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu