Home / Престој во природа / Логорување во природа / Прво коло на Извидничката лига 2017

Прво коло на Извидничката лига 2017

Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес на покана на извидничко поречанскиот одред “Јадран“ од Скопје во периодот од 21 до 23 април оваа година во Катлановска Брезица земаа учество на 44 Меморија Марко Граорковски . На Меморијалот учество стотина извидници распределени во 17 екипи од Македонија. Натпреварувањата се одржаа во три категории и тоа:
• Извидници (12-15 години)- 8 екипи
• Истражувачи (16-18 години)- 8 екипи
• Ровери (19-24 години)- 1 екипа
Во категоријата извидници третото место освоија извидниците од ИО “Пионер“ од Охрид, а првото и второто место ги освоија екипите од ИО “Гоце Делчев“ од Св.Николе.
Во категоријата истражувачи третото место освои екипата “Гемиџии“ од ИО “Димитар Влахов“ од Велес, второ место го освои екипата “Охридски Пастрмки“ од ИО“Пионир“ од Охрид, додека првото место го освои екипата “Каменковци“ од ИО “Браќа Миладиновци“ од Скопје.
Во категоријата ровери првото место го освои екипата “Старки“ од ИО “Феникс“ од Прилеп.
Прорамските активности во рамките на 44 Меморија Марко Граорковски беа натпревари од првото коло од Извидничката лига 2017 во организација на Сојуз на извидници на Македонија и ИПО “Јадран“ од Скопје.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu