Home / Престој во природа / Ориентација во природа / По триесет и први пат завршија извидничките средби во Велес

По триесет и први пат завршија извидничките средби во Велес

%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%beИзвидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес во периодот од 9-11.9.2016 год. ги организираше XXXI традиционалните Средби на извидници Велес 2016. Средбите се одржаа во извидничкиот центар Голозинци. И со оваа втора републичка извидничка активност започнуваме да го одбележуваме 65 годишното постоење на одредот во Велес и Република Македонија.
На Средбите учество земаа 60 извидници од Прилеп, Скопје, Св.Николе и извидниците на одредот органнизатор. Сите извидници се натпреваруваа во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен, прва помош и сигнализација.
Првото и третото место на XXXI традиционалните Средби на извидници Велес 2016 им припадна на извидниците од извидничкo поречанскиот одред “Јадран“ , а додека пак второто место им припадна на извидниците од ИО “Феникс“ од Прилеп. Во рамките на XXXI традиционалните Средби на извидници Велес 2016 на 10.9.2016 год. (сабота) беше организирана и средба на неколку генерации извидници ветерани кои беа вклучени во ораганизацијата на досегашните триесет средби кои се организраа на терените на Велес, спортско-рекреативниот локалитет езеро Младост, локалитетот Манастир Св. Илија, село Извор и извидничкиот центар Голозинци.
Како Старешинство на одредот изразуваме Благодарност до Старешината на СИМ, Огнен Стефановски кои не посети на овие средби и истиот ја затвори оваа XXXI извидничка манифестација и истакнуваме жалење што на овие средби што не се појавија голем број на одреди од Република Македонија.

 

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu