Home / Престој во природа / Логорување во природа / Последната индијанска порака

Последната индијанска порака

индиПисмото кое што следува е напишано во 1854 година, кога американскиот претседател Пирс, им понудил на индијанците да откупи дел од нивното земјиште веднаш до морето. Огромен дел од нивната земја веќе им била насилно одземена, а овој пат претседателот решил тоа да го направи на мирен начин, со тоа што ќе им ја откупи. Се работело за површина од околу 8000 метри квадратни, за кои им понудил 150 000 американски долари. На преговорите за продажбата бил и индијанскиот поглаватар Сиетл, кој за време на преговорите, на својот мајчин јазик го кажал следното:
„Кога големитот поглавар од Вашингтон испраќа глас дека сака да ја купи нашата земја – тој премногу бара од нас. Како да се купи небото и топлината на земјата? Таа идеја нам ни е многу чудна. Ние не сме сопственици на свежината на воздухот или бистрината на водата. Тогаш, како вие ќе ја купите? Секој дел од оваа земја е дел од мојот народ. Секоја борова игличка, секое зрно песок на брегот, секој сончев зрак во длабочината на шумата, се свети за мојот народ. Соковите од дрвјата се дел од сеќавањата на мојот народ.
Кога мртвите бели луѓе одат на прошетка меѓу ѕвездите, ја забораваат земјата која им го дала животот. Нашите мртви никогаш не ја забораваат својата прекрасна земја, бидејќи таа им го дала животот. Дел сме од оваа земја и таа е дел од нас. Миризливите треви ни се сестри. Елените, коњите, белиот орел – се нашите браќа. Ридовите, врвите, планините и човековото тело – сето тоа е едно семејство.
Кога големиот поглавар од Вашингтон испраќа глас дека сака да ја купи нашата земја – тој премногу бара од нас. Големиот поглавар вели дека ќе ни најде убаво место за живеење – тој нам ќе ни биде татко, а ние нему деца. Ќе ја разгледаме понудата за да ни ја купите земјата, но тоа нема да биде лесно. Оваа земја нам ни е света. Оваа блескава вода не е само вода која тече, таа е и крв на нашите претци. Ако ви ја продадеме земјата, ќе морате на вашите деца да им кажете дека оваа вода е света. Дека секој одраз во водата од езерото, кажува за спомените на мојот народ. Жуборот на водата – тоа е гласот на татакото на мојот татко. Реките се нашите браќа – тие ја гаснат нашата жед. Ги носат нашите кануа. Ги хранат нашите деца. Затоа, ако ви ја продадеме земјата, ќе мора кон реката да се однесувате како кон свој брат – со добрина.
Знаеме дека белиот човек нас не нè разбира. Секое парче земја му е исто со некое друго парче. Тој доаѓа и зема сè што ми треба – него земјата не му е брат, туку непријател. Кога ќе ја зароби, продолжува понатаму. Ги остава зад себе гробовите на своите родители и не се грижи за тоа. Гробовите остануваат заборавени. Кон мајката – земја и братот – небо, се однесува како кон работи што можат да се купат. Неговата алчност ќе ја опустоши и уништи земјата.
Не знам! Нашиот начин на живот се разликува од вашиот. Од погледот на вашите градови, црвениот човек го болат очите. Можеби затоа што црвениот човек е див и не ги разбира работите. Во градовите на белиот човек нема мини места, нема мир. Нема место каде би се слушнало отварањето на листот и крилјата на мушичките. Можеби оти сум подив од вас – затоа не разбирам.
Галамата ми ги повредува ушите. Што вреди животот ако не можеш да ја чуеш ноќната препирка на жабите? Јас сум црвен човек и не разбирам многу. Нам воздухот ни е многу битен – белиот човек не ни мисли на него. Како човек кој умира и не ја чувствува својата смрдеа. Ако ви ја продадеме земјата, ќе мора да го оставите мирисот на ветерот. Ќе ја разгледаме вашата понуда.   Ако одлучиме да ви ја продадеме земјата, белиот човек ќе мора кон животните да се однесува како кон свои браќа. Див човек сум и не разбирам – видов бели луѓе како убиваат илјадници бизони. Не разбирам. Човекот без животните ќе умре поради тоа што духот ќе му биде осамен. Сè што ќе му се случи на животното, набргу ќе му се случи и на човекот. Сè е поврзано во природата.
Ќе мора да ги научите децата дека под нивните нозе е пепелта на нашите претци. За да ја почитуваат ќе им кажете дека таа е полна со животот на нашите родители. Сè што ќе ја снајде земјата, ќе ги снајде и нејзините деца. Ако плукнеш по земјата, плукаш по својата мајка. Земјата не припаѓа на човекот – човекот припаѓа на земјата. Човекот не го прави животот, ние сме само едно влакно. Можеби сме и браќа со белиот човек – ќе видиме!
Едно знам сигурно – дека белиот човек еднаш ќе сфати дека имаме ист Бог. Неговата милост е иста кон белиот и црвениот човек. Белиот човек ќе исчезне, можеби пред сите други племиња. Вашата субина е бедна, чим доаѓате да ја освите земјата на црвениот човек.
Не знам зошто се убиваат бизоните? Зошто се скротуваат коњите? Зошто има толку човечко ѓубре во длабочината на шумите? Зошто погледот кон зелените полиња е искинат со жици? Каде се елените? Ги нема веќе. Каде е орелот? Одлетал. На вистинскиот живот му дојде крајот. Започна борбата за опстанок“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*