Home / Кондициска подготовка / Подготовка на телото за физички напор

Подготовка на телото за физички напор

trcanjeЗа да го подготвите телото на физички напор, пред да трчате потребно е добро да се загреете затоа што така мускулите стануват поеластични и потопли. Со правилно загревање ја подигнувате температурата на телото за 1-2 степени, а можете да го поделите во две фази. Првата фаза е ротација на зглобовите и аеробна активност со низок интензитет која вклучува скокање со јаже или степер. Следи тактичко истегнување кое подразбира истегнување на мускулите и динамично истегнување кое се состои од контролирани движења на делови од телото. Последната фаза на загревање се состои од движења кои се изведуват на главниот дел од тренингот, но со полесен интензитет.

Правилно дишење
Иако се чини дека дишењето е нешто што се случува спонтано и рефлексно, при трчањето треба да се обрне посебно внимание на начинот на дишењето. При големи напори пожено е да се дише на уста и нос затоа што потребите за кислород се зголемени. Ритамот на дишењето треба да се прилагоди на сигналите што ги испраќа телото.

Повторно истегнување
Тренингот со трчање не смее да се заврши со трчање, туку со истегнување. Истегнувањето е многу важен дел од вежбата затоа што освен што спречува повреди и болка во мускулите, ја зголемува и делотворноста на вежбата.
При истегнувањето скелетните мускули се издолжуваат што резултира со подобра мускулна контрола, флексибилност и поголем распон на движења.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu