Home / Методика на ФЗО / Планирање и проценка на наставникот по ФЗО/ССА

Планирање и проценка на наставникот по ФЗО/ССА

planira1Со цел квалитетно да се развива наставната програма по ФЗО/ССА, која кај секој ученик  ќе му овозможи успех, квалитетната кинезиолошка педагогија, наставникот по ФЗО/ССА внимава на процесите на проценување и планирање. Наставникот по ФЗО/ССА ги комбинира очекувања според  возраста на учениците, креативноста и барањата вклучени во националната програма, вклучувајќи ги и интересите и потребите на секое ученик индивидуално и на група ученици во една кохезивна рамка. Циклусот проценка-планирање го подржува развојот и учењето на секој ученик, темелејќи се на учениковата вродена љубопитност, предходното знаење, вештини, интереси и искуства. Важно е процесот да потикнува развој на самооценување и на користење на вештините за учење. Користејќи систематско набљудување на учениците и други соодветни стратегии, наставниците по ФЗО/ССА креираат долгорочни и краткорочни едукативни планови во кои се вклучени и индивидуалните и групните интереси, со што учениците се поттикнуваат кон нови достигнувања.   Наставникот по ФЗО/ССА го прави планирањето врз основа на она што учениците веќе го знаат и разбираат и во него се одредува што е потребно за да секој  ученик може во целост да ги оствари своите потенцијали. Плановите треба да оставаат простор за различните способности и стилови на учење на секое дете одделно и да можат да бидат модифицирани ако се појави потреба за тоа. Во циклусот на проценка и планирање треба да бидат вклучени учениците, семејствата и стручни лица од областа на кинезиологијата. Проценката и планирањето треба да бидат прецизно дефинирани и флексибилни, земајќи ги предвид напредокот во учењето и за она што се случува во животот на ученикот, заедницата и светот, да одредуваат каде може да се направат подобрувања и да се дефинираат следните постапки.

Наставникот по ФЗО/ССА  редовно и систематски го следи прогресот на секој ученик , во процесот на спортско учење и неговите достигања.
– наставникот користи систематско набљудување и други соодветни инструменти за оценување кои го одразуваат процесот и резултатите од учењето и развојот.
– наставникот проценува колку детето треба да биде инволвирано за да научи со разбирање и прави соодветни прилагодувања во согласност со тоа.
– наставникот внимава при процесот на оценување да ги зема предвид и да се потпира на посилните страни на ученикот, неговите интереси и индивидуални потреби.

Наставникот по ФЗО/ССА  го планира предавањето и учењето според  информациите што ги има за учениците и во согласност со националните стандарди.
– наставникот по ФЗО/ССА  планира активности соодветни на проценетото развојно ниво и интересите на учениците за да им овозможи да ги достигнат потребните компетенции за истражување
– наставникот по ФЗО/ССА  планира активности базирани на интересите на учениците и изнаоѓа начини да ги задоволи индивидуалните стилови на секое дете.
– наставникот по ФЗО/ССА  користи детално планирање кое ќе овозможи избалансиран  индивидуален пристап, работа во мали групи или во целото оделение/клас.
– наставникот по ФЗО/ССА  подготвува повеќе разновидни активности со цел учениците постојано да бидат ангажирани и поттикнувани за нови моторички предизвици.
– плановите и реализацијата за наставникот по ФЗО/ССА  треба да бидат флексибилни за да ги препознаат и инкорпорираат промените кои се случуваат во поглед на условите, а и промените кои настануваат кај интересите и потребите на учениците.

Наставникот по ФЗО/ССА  ги вклучива учениците, семејствата и соодветните стручни лица во процесот на проценување и планирање   на моторичките напредувања
–    наставникот по ФЗО/ССА  им помага на учениците да станат успешни во самопроценувањето и во донесувањето одлуки за нивното учење и однесување базирани на јасни и доследни критериуми
–    наставникот по ФЗО/ССА  ги насочува учениците при вреднувањето на постапките и работата на другите
–    наставникот по ФЗО/ССА  споделува со семејствата информации за моторичкиот напредок  на учениците  и за нивните интереси и заедно дефинираат краткорочни и долгорочни индивидуални цели
–    кога е неопходно, наставникот по ФЗО/ССА  во процесот на проценување и планирање вклучува соодветни стручни лица.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu