Home / Индивидуални спортови / Планинарењето како рекреативна активност

Планинарењето како рекреативна активност

planinarenje-1376574116-10860Имате многу опции што можете да ги одберете – практикување некој спорт, посетување теретана, како и Планинарење (излетничкото, рекреативно планинарање) како  опција нуди многу придобивки. Рекреативното планинарење е одлична вежба чиј ефект меѓу другото се согледува и во следново:
1. Преку оваа физичка активност се намалува ризикот од појава на срцеви болести.
2. Го подобрува крвниот притисок и го регулира нивото на шеќерот во крвта.
3. Го подобрува балансот на телото.
4. Помага да воспоставите контрола врз тежината. Врз ова има влијание не само искачувањето, туку и фактот што носите одредена тежина на себе која помага во дополнителното согорување на калории.
5. Го подобрува вашето расположение (како што пренесува webmd, овој вид на активност помага да се справите со стресот и нервозата). Со тоа може да им послужи како терапија на луѓето кои се склони кон депресија.
6. Воедно, планинарењето е одлично за проширување на кругот на пријатели. Постојат друштва кои организираат колективно планинарење, со што доаѓате во контакт со нови личности.
7. Доколку почнете сериозно да ја практикувате ваквата активност, преку неа можете да посетите доста прекрасни места, во и надвор од нашата земја.
8. Еден од помалку познатите бенфити е дека планинарањето ја поттикнува креативноста. Едно истражување покажа дека минувањето време во природа ја зголемува способноста за решавање проблеми за 50%.

Неколку совети за почетници:
– Почнете полека. Ако имате намера да почнете посериозно да се посветите на оваа активност, прво почнете со посета на локални местенца што ги знаете (како на пример ритчиња кои нема да ви претставуваат поголем проблем со оглед на вашата сегашна кондиција). Постепено ќе стигнете до позиција да можете да искачувате уште поголема далечина.
– Добро би било кога би планинареле по нерамни патеки, затоа што на тој начин ја зголемувате работата на мускулите.
– Не одете сами, најдете друштво, некој пријател кој ќе ве придружува. Не само поради фактот што така е позабавно, туку и во случај да се случи нешто непријатно и непредвидено имате човек плус кој може да реагира.
– Бидете подготвени – носете вода и храна со себе, како и соодветни обувки за патеката што имате намера да ја искачите.
– Каде и да одлучите да се упатите добро запознајте ја патеката на која ќе се движите и воедно информирајте се за временските услови.
Кога ќе ги минете првите чекори, потоа можете да му се придружите на некое планинарско друштво и на тој начин да почнете посериозно да се посветите на оваа активност.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu