Home / Индивидуални спортови / Патека или неасфалтиран пат ?

Патека или неасфалтиран пат ?

Bike-Test-Winner-GiantРечиси сите неасфалтирани патишта одговараат за возење со планински велосипед. Но изберете ги оние чиј а што циркулација е слаба. Ништо не е понепријатно да се најдете зад облаците од прашина што ги предизвикуваат возилата што поминуваат. Некои од патеките се прифатливи за велосипедите но некои не се. Сообраќајните знаци обележуваат дали се тие дозволени за велосипедисти или не. При користење на велосипедот во јавниот сообраќај, потребно е да се почитуваат позитивните сообраќајни прописи што важат за другите учесници во сообраќајот. Означете го секогаш вашето вртење, не возете никогаш цик-цак и секогаш следете ја белата права линиј а, почитувајте ги сите правила на патот исто како да сте возач на автомобил. Тоа значи дека треба да застанете на црвено светло и на знакот стоп, да го почитувате приоритетот и за вртење да ја користи те вистинската лента доколку возите надвор од патот запазувајте ги следните совети:
• означете го вашето присуство додека виe претекнувате.
• отстапете им гр правото на поминување на пешаците и на другите учесници во сообраќајот.
Возете Внимателно! Имајте го ова на ум секогаш додека учествувате во сообраќајот. Секогаш носете најмалку еден литар вода колкаво и да е времетраењето на вашето возење. Пијте вода секогаш пред да ожедните, дехидрирањето е редовен проблен на голем број  велосипедисти. Велосипедистите не можат да забележат колку се потат поради воздухот и ветерот произведен од брзината на велосипедот кој што предизвикува брзо испарување. Пијте често и со мали голтки и променете го шишето секогаш кога тоа е неопходно. Носете секогаш и нешто за јадење, за секој тренинг над 45 мин. сува, овошна храна, банани, енергетска храна, суво и свежо грозје, портокали и секој а друга храна кој а лесно се вари. Носете секогаш резервна облека во џебовите на вашиот комбинезон, ако живеете во регион каде што времето е непредвидливо. Еден тенок непропустлив блузон е секогаш корисен, како и хеланките особено на почетокот на пролетта или на крајот на есента. доколку е можно започнете го возекето спроти ветерот, за да се вратите дома туркани од него обземени од пријатно чувство после едно долго и тешко возењe.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu