Home / СУС Велес / Отворена забавна фудбалска школа – Велес 2013

Отворена забавна фудбалска школа – Велес 2013

fudbalВо неделата на 25.08.2013 год. на помошниот фудбалски терен во градскиот парк свечено беше означен стартот на Отворената забавната фудбалска школа – Велес 2013 година. И оваа година школата е во организација на Сојузот на училиштен спорт – Велес 2002, а под покровителство на Општина Велес. Осмата по ред забавна фудбалска школа за отворена ја прогласи претседателот на Советот на Општината Велес, Александар Колев, кој истакна дека овој настан е прекрасен начин преку забава и игра учениците да го дадат најдоброто од себе, да го негуваат спортскиот дух и да создадат навики што подоцна ќе им помогнат во секојдневната животна борба за постигнување на многу повиосоки цели од постигнувањето гол на фудбалски натпревар. Во наредните три дена повеќе од 100 млади вљубеници во спортот ќе бидат дел од овој несекојдневно интересен и значаен настан. Општина Велес и понатаму ќе продолжи да поддржува и да дава придонес во изборот на вистинскиот начин на живот – со спортска и фер борба, со одмерување на силите на теренот и со секогаш изразена желба да се успее со труд и силна амбиција.

превземено од: https://www.facebook.com/Општина-Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu