Home / Методика на ФЗО / ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ-спортски игри, излети, зимски и летен одмор

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ-спортски игри, излети, зимски и летен одмор

sportski kampoviУчилиштето е темел во општото воспитување на сите наши граѓани. Воспитувањето на младиот организам во училишниите  клупи треба да биде целосно испланирано и организирано. На децата им е потребен простор за играње, зеленило и свеж воздух, оти тоа се елементи кој што даваат допринос кон здравје и радос на нашите деца, а здравје и благосостојба за родителите, а во исто време и благосостојба на нашиот народ. Телесното воспитување и спортот се биолошка потреба на младиот организам. Играта за детето е движење на целото тело, што значи дека преку разни игри, детето го развива телото, а интелектот за движење и за играње кај децата е многу развиен. Голем  дел на училишта  се без добро уредени дворови   и игралишта, без справи  и други фискултурни реквизити, а  уште и со недоволен број часови по телесно воспитување, во горните пак класови во  гимназиите, положбата е уште полоша, каде учениците  во голема  мера  се стегнати  во училница  и оптеретени со голем број предмети, а сето тоа се случува во време на растењето и пубертетот. Заедницата е должна да се грижи за децата и младите, за нивното правилно телесно воспитување, оти ако   младите се приморани  дневно дапоминуваат  по шест до седум  часа во училница, тогаш неопходно  е да им пружиме можности за да ги задоволуваат своите биолошки потреби. Треба да им дадеме игралишта, пливалишта  и  друг вид на  рекреација  за воннаставни активности  од спортот  и игрите, оти спортот е потреба за телото, а  младоста ја прави порадосна. За  вклучување на младите  во фискултурните  дејности , неопходно  е да се развие што поширока дејност за воннаставни  дејност на учениците по пат на систематско организирање фискултурен живот надвор од училиштето. Во тој правец секако најдобро е да   се дејствува со т.н. спортски ден, кој  треба да се воведе и во нашите училишта. Со воведување на спортски ден ,   plivanjeмладите  во широк обем ќе биде опфатена во фискултурниот живот. Со оглед на тоа дека спортскиот ден  е новина за нашите училишта, неопходно  е низ пракса да се проучи и ова прашање. Колку голема полза од ова би имал наставникот, лично како педагог и воспитувач, кога би провел 2-3 часа во природа заедно со своите ученици. Колку би ги запознал своите ученици и колку со тоа би им станал поблизок. А да не спомнуваме, колку од ова самиот наставник ќе добие наоѓајки се на свеж восдух, во природата после напорната работа во затворени простории. Спортскиот живот на нашите ученици ќе стане уште позабавен, ако во нашите училишта  се образуваат училишен  спортски клуб, а кој  ќе имаат задача да ги соберат сите ученици. Ваков потфат треба да се помогне како од самиот наставнички колектив, така и од самите родители.  Покрај погоре  наведените форми  на воннаставна  работа да ги спомнеме и излетите и планинарењето. Излетите и планинарењето се омилени кај нашите  млади  и тие во телесното воспитување, треба да одиграат голема улога.  Доста точно е само да им спомнеме на нашите деца излет или прошетка и тоа предизвикува ведро расположение.  Излети, логорувања и прошетки, исто така е воспитување во природа и вакви облици за работа се предвидени и во наставните планови и програми во училиштата, оти преку излети и логорувања ги воспитуваме нашите деца на самостојност, во совладувањето на разни препреки, а сето тоа на децата им дава сила и импулс за животната пракса. А сега нешто за зимскиот и летниот распуст, односно одмор. Летниот и зимскиот распуст на децата им пружа многу радост и веселби. Снегот е најголема радост и секое дете треба да го искористи. Санкање, лизгање,скијање, тоа се форми  за фискултурна работа во зимскиот распуст. Доколку овие облици за работа не може да album_6се применат кога нема снег, тогаш да се користат зимските излети. Живата природа, свежиот  воздух, широки видици, наши богати полиња и ливади, реки и планини, нека бидат посетени и запознаени нашите деца и со тоа ќе створиме традиција за запознавање на нашата убава и богата природа.  Летниот распуст исто така има свои убавини. Пливање, излети, логорувања под шатори и пешачење, запознавање со флора и фауна, тоа се форми за фискултурна работа на нашите деца.Во ваква работа драгоцена помош моше да ни прижи сојузот на извидниците.  И зимскиот и летниот одмор нека не бидат во лежење, туку да бидат одмор за усовршување и истражување на нови видици, запознавање со наши култури и историски споменици и природни богатсва на нашата земја.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu