Home / Колективни спортови / Од мој агол … за успех во ракометната игра

Од мој агол … за успех во ракометната игра

rakomet_tekstЗа успех во ракометната игра потребно е да се постави и појави систематска работа. Секој клуб, а сега и со создавењето на училишните спортски клубови во основните и средните училишта во Република Македонија, но  и федерација  во Македонија треба да пристапи  кон  стручната работа со високо обрзовните институции – факултетите во Република Македонија кои го третираат спортот и спортскиот менаџмет. Треба да се започне темелно поставување на основата за работа со помладите категории на играчи, а потоа да се оди кон постарите. Таму треба да се набљудува секое талентирано дете за да не ни побегне, мора максимално да се да се работи со оние кои се талентирани или имаат можност да совладуваат голем процент од ракометната техниката. Треба да се излезе во пресрет на секое дете  со 100% помош. Мора науката и спорт да ги ставиме во иста спрега и  заедништво, а со тоа и стручните лица да се во целост вклучени во подигање на ракометната игра како врвен спорт.  Ова  ни дава ширина која може да оди длабоко во проблемите, а воедно и  и да се изнајдат начини за да ги решаваме сите проблеми кои  се јавуваат во ракометната игра.
Треба да се воспостави врска со систем на обука и едукацијата на играчите. Според  поставеноста на големите ракометни репрезентации, а воедно и големите клубови од  Лигата на шампиони може да се види дека целокупната игра се темели на средните бекови кои имаат најголема улога во играта. Пред неколку години  се појави стратегија да средните бекови  да престанат да постојат.  Да има три бекови  и тие се шутираат.  Но не треба така да се поставуваат работите. Ако во кошаркаската игра имаме плејмејкер и  во ракометот   мора и треба да имаме и да добиеме организатор на играта. Во целост треба да дадеме приоритет и развој на средните бекови. Тие имаат покрај водечка и носечка улога во техничко-тактичките задачи и важна информативни компонента. Така да тие треба да  ја водат и  да бидат  продолжена рака на тренерот. Тоа е разликата помеѓу нив и бекови кои имаат јак и разорен  удар на гол. Фаворизирањето на средените  бекови треба да имаат водечка улога во  ракометот. Ние секогаш сме ги имале и секогаш треба да ги поврземе во една целина да ги назначиме во екипата, во тимот.
Но треба да се осврнеме и на обуката и едукацијата на тренерите кои го водат ракометот . Тренерот без образование е мануелен работник. Тренерот мора да бида високо  едуциран, без разлика колку добар играч бил тој своевремено. Тој мора да го помине воспитно-образовниот дел од обуката каде што треба да создае лик на квалитететн педагог од причина што тој немора да работи само со првата екипа, тој треба да работи и со помалите категории.
Сите тренери на  категориите од  У15 и У21  не смеат да работат по иста програма и по шема која што самите ја поставиле. Тие мораат да работат по различни програми со различен методско-тактички пристап на тренажниот процес. Сите тие тренери од клубот треба заедно да разговараат  за понатамошното креирање на  програмата која што  мора да биде менлива и да трпи постојани промени според потребите на категоријата на ракометари која ја водат, но тоа да е во согласност со нејзината вериртикалност  во рамките на секоја генерација. Дека секој тренер треба да има програма – задолжително. Со тренерите секогаш треба да се направи селекција  и тоа на ниво во клуб. Во рамките на клубот  треба да се  обидеме  да  разговараме  за актуелните состојби, за споделување на искуства, за спроведување на дадени задачи, истите да се прифатат  и да се одберат најдобро одбрани пракатики од балканот и светот, потоа да се одберат најдобрите зони на напад и одбрана, а воедно и  да се пренесат на одредената  возраст која што се водиме. И на крај во рамките на еден клуб мора да се појавува човек кој седи на клупата и ја води целокупната статистика на постигањата за време на еден натпревар. Од самата статистика понатаму ке го знаеме учинокот на секој играч после одигрувањето на натпреварот. Од тука ке ја вадиме поуката и ке ја креираме стратегијата и техничко-тактичката подготовка за наредните натпревари и креирањето на првата постава на играчи во однос на противникот кои не очекува. Можеби во прв момент во клубот тоа можеме и рачно да го водиме со предходно подготвен формулар, а потоа да се креира софтвер во кои директно ке се внесува целокупната статистика од одиграниот натпревар.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu