Home / Престој во природа / Ориентација во природа / Обележани и маркирани патеки во реон на село Мокрени

Обележани и маркирани патеки во реон на село Мокрени

User comments

User comments

После обележувањето и маркирање, на патеката која го носи името “Нова Македонија“, веќе се поставени и патоказите кои во целост се дел од превземените обврски и потпишаниот договор со Агенција за промоција и поддршка на туризмот, за доделување на договор за јавна набавка на услуги за расчистување, уредување, бележање, маркирање, поставување на инфо рабли, мапи и патокази и истите да се мапираат предвидените рекреативни, пешачки и планинарски патеки во Р.Македонија
Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес како економски оператор учествуваше на Огласот. Огласот беше распишан од страна на Агенција за промоција и поддршка на туризмот, одредот од Велес конкурираше за уредување на пет патеки кои се наогаат во Општина Чашка и тоа: новата … патека наречена – Нова Македонија која што е на релација с. Голозинци – с. Лисиче – Хидросистем Лисиче – Горно Врановци во должина од 16 километри. Паралелно со оваа патека се поставуваат и патокази на обележаните и маркираните пет патеки во регионот на селото Мокрени и тоа: пристапна патека с. Богомила-Планинарски дом с. Мокрени манастирот „Св.Спас“ с. Мокрени, Планинарски дом с. Мокрени-врв Биса- Планинарски дом с. Мокрени, Теово – Мокрени. Со ова како организација докажавме како треба да се промовираат убавините на Централна Македонија – реонот на Азот. Патеките се предуслов за развојот и подобрувањето на туризмот во Општина Чашка.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu