Home / Спортски настани / Нов ракометен субјект во Велес – ГРК “Борец“

Нов ракометен субјект во Велес – ГРК “Борец“

golmanot_vo rakomet_malaРакометниот клуб Борец го менува името. Во иднина тој ќе се вика Градски ракометен клуб Борец. Според надлежните ова е потребно , затоа што клубот како правен субјект лани целосно згасна ,а сега одново се регистрираше во централниот регистер и во Ракометната федерација на Македонија. На овој начин се отвора нова страница во ракометната историја на градот. Долговите ,но и успесите на Борец остануваат со стариот клуб. Новиот ,кој е наследник на претходниот ,започнува од почеток. На осмата седница советниците треба да го поддржат решението со кое ќе се врши нова распределба на средства за поддршка на квалитетен спорт. На тој начин предвидените 500 000 денари наместо ракометниот клуб ќе ги добие градскиот ракоетен клуб Борец. „Намерите на општина Велес за развој на ракометниот спорт во градот ќе бидат реализирани сега со поддршка на новорегистрираниот Градски ракометен клуб Борец. Поради тоа е значајно да се донесе ново решение за распределба на средства а поддршка на квалитетен спорт ,чисто од технички карактер за да може парите наменети за згаснатиор РК Борец да ги добие ГРК Борец„вели Александар Колев претседател на Советот на општина Велес. По подолга пауза и ракометарите се вратија во сала. Тренинзите и подготовките за новата сезона веќе се започнати. Иако нема официјална потврда ,најеројатно од клупата играчите ќе ги предводат Зоран Виларов и Никола Бисинов.

превземено од: www.lisica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu