Градскиот парк редовно се користи од спортисти и рекреативци од Велес. Со изградбата на втората вежбалница во Градскиот парк која се наоѓа во веднаш до игралиштето за одбојка на песок, се исполнуваат барањата на голем број спортисти и млади луѓе кои овде ќе можат да вежбаат и да го поминуваат своето слободно време. Сите граѓани што имаат потреба да вежбаат ќе можат во било кое време од денот да ги користат овие спортски реквизити за вежбање. На нив може да се вежбаат вежби за загревање, вежби за стомачна мускулатура, корективна гимнастика. Со ова се создаваат основни услови, така што во наредниот период спортистите и рекреативците нема да мора да вежбаат на земја или на импровизирани елементи. Ова е уште една потврда дека Oпштина Велес посветува големо внимание на спортот и рекреацијата, како училишниот така и рекреативниот порт.
проф. Ангелче Гушев