Home / Спортски настани / Нова историска страница на ракометот во Велес

Нова историска страница на ракометот во Велес

rakomet

Започнува новата ракометна историја во Велес. Градскиот ракометен клуб Борец утре сабота 28.9.2013,  ќе го одигра првиот официјален натпреавар во рамките на првата ракометна лига, втора по квалитет. Во спортската сала „Гемиџии“ противник е тимот на Младост од Богданци. Средбата на некогашните ракометни гиганти започнува во 18:00. Од велешкиот тим стигнуваат информации дека екипата е подготвена за новиот предизвик. Главниот товар во првенството ќе го понесат младите играчи, потпомогнати од поискусните. Новиот ракометен бран во градот, засега го предводи општината. Таа е најголем финансиер, откако Советот одлучи да издвои 500. 000 денари за поддршка на клубот. На чело на новата управа е поставен д-р Петре Кодовски, а него ќе му помагаат уште неколкумина поранешнии ракометари, спортски работници и луѓе од бизнис секторот. Да се обезбеди пласман во супер лигата, а потоа Борец да стане стабилен тим кој ќе биде пласиран во горниот дел на табелата. Ова се амбиции, останува да се види каква ќе биде реализацијата на проектот Градски ракометен клуб.

превземено од: www.lisica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu