Home / Кондициска подготовка / Најдобрите кардио вежби

Најдобрите кардио вежби

Експертите препорачуваат 30 до 60 минути вежбање секој ден. Ова може да помогне во контролата и намалувањето на телесната тежина, во превенцијата на срцевите болести и во подобрувањето на силата и издржливоста. Со толку многу опции, луѓето се прашуваат која вежба согорува најмногу калории.

plivatiТрчање
Трчањето е најдобра вежба што може да ја направите за согорување на вашите калории. Ако трчате со брзина од 12 км/ч ќе потрошите 986 калории за еден час. Ако додадете спринт или угорница се трошат уште повеќе калории.

Ролерки
Иако возењето ролерки беше популарно во 80-те, сеуште се рангира меѓу вежбите кои трошат најмногу калории. Со еден час возење на ролерки ќе согорите 913 калории.

Скокање со јаже
Многу луѓе скокале со јаже кога биле деца, но со инкорпорирањето на оваа вежба во дневната рутина ќе согорувате по 730 калории за еден час вежбање. Еден час може изгледа многу, но можете да вежбате и само 10 минути и ќе потрошите 122 калории.

Степер
Степерот согорува 657 калории за еден час и е добра вежба за зајакнување на долниот дел од телото.

Џогирање
Брзото трчање согорува многу калории, но и бавното џогирање со темпо од 8 км/ч може да согори 584 калории за еден час.

Пливање
Пливањето е одлична важба за целото тело бидејќи се вклучени сите мускули. Речиси сите стилови на пливање ќе ви согорат 511 калории за еден час. Исто така пливањето е и неконтактен спорт што значи е безбеден и ефективен за вашите зглобови.

Што е подобар кардио тренинг пливање или трчање?
Многу често се поставувано и дискутира по прашање во фитнес индустријата. Според професионалните фитнес тренери и експерти секоја од овие физички активности претставува одличен кардио тренинг и овозможува согорување на калориите. Но, сепак доколку се споредуваат овие 2 вида на кардио тренинг ќе се увиде дека постојат некои битни разлики. Споредувањето на овие тренинг методи не е така едноставно и ефикасноста на секој тренинг метод зависи од голем број на променливи. Според едно истражување на универзитетот за спортска медицина во Флорида група пливачи кои пливале во базен каде температурата на водата била 20 степени потрошиле 55% повеќе калории отколку кога пливале во базен со температура од 32 степени. Потоа брзината на пливање или трчање има исто големо влијание врз конечниот број на потрошени (согорени) калории. Но, сепак постојат некои работи кои се дефинитивни и јасни. Пливањето претставува low-impact активност и преставува одличен избор. Пливањето исто така претставува одлична можност за развивање на горниот дел од телото, нешто што не може да се постигне со трчање. Од друга страна кога станува збор за потрошените калории трчањето е скоро секогаш на прво место, но сепак и ова зависи од предходно спомнатите карактеристики. Во продолежение се дадени бројот на согорени калории на активен спортист со тежина од 70 килограми:

•    30 минути пливање со умерено темпо е еднакво на 220 потрошени калории.
•    30 минути трчање со брзина (темпо) од 8 км/час (5 mph) е еднакво на 300 потрошени калории.
•    30 минути пливање со поголем интензитет е еднакво на 350 калории.
•    30 минути трчање со брзина (темпо) од 16 км/час (10 mph) е еднакво на 640 потрошени калории.

Според податоците погоре доколку можете да одржите темпо на трчање од 16 км/час и вашата цел е поголем број на согорени калории тогаш трчањето треба да биде вашиот избор на кардио тренинг. Но, доколку сте во можност да одржувате темпо на трчање од 8 км/час, а во исто време сте во можност да пливате со поголем интензитет тогаш пливањето треба да биде вашиот избор за кардио тренинг. Како заклучок на крај треба да се напомене дека најдобриот избор на кардио претставува онаа физичка активност на која ќе се задржите повеќе недели.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu