Home / Престој во природа / Логорување во природа / Најава на XXVIII Средби на извидници Велес – Извор 2013

Најава на XXVIII Средби на извидници Велес – Извор 2013

IzvorИзвидниците од Македонија и од поранешните ЈУ републики ќе се натпреваруваат во извидничките дисциплини топографија, орјентација во непознат терен, исхрана во природа, сигнализација и прва помош. Овојпат организаторот, извидничкиот одред „Димитар Влахов“, го избра селото Извор како место на натпреварувањето што годинава го организира по 28-ми пат. Таму ќе биде подигнат извидничкиот логор. Сеуште трае пријавувањето на учесниците на годинешното натпреварување. Засега сигурно учество имаат пријавено осум извиднички одреди, домашни и странски, со вкупно сто извидници.
– Дел од учесниците веќе пристигнаа и тие до сабота се гости во нашите домови. Така имаме подолго време да се дружиме. Во сабота сите заедно ќе заминеме за Извор, ќе го подигнеме логорот и ќе започнат натпреварите. За сите одреди на средбите се предвидени дипломи за учество. Најдобрите патроли ќе бидат наградени со пехари и дипломи за освоените први три места, рече старешината на средбите Златко Ристов. На средбите ќе има и награди за најдобар цртеж, најдобар профил, најдобра скица и најдобра сигнализација.
– Овие средби ги организираме како дел од програмските активности на светската скаутска програма Messenger for Peace. Очекуваме да се дружиме, да се натпреваруваме и секако да создадеме нови пријателства, рече началникот на средбите, Димитар Јорданов.
Одржувањето на оваа меѓународна манифестација ја поддржаа општините Велес и Чашка. Во нејзини рамки, исто така, ќе се промовира спортот како дел од владиниот проект а ќе се одбележи и 8 септември.

На овие Средби на извидници како учесници ке се појават припадниците од батаљонот на Воената полиција на АРМ.
Прес конференцијата се одржа на 5.9.2013 во просториите на Фондација Фокус

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu