Народни ора

kalajdziskoТешкото оро се смета за едно од најубавите и најтешките македонски ора. Географски, како и носиите во кои се игра, потекнува од областа Галичник во северозападна Македонија, на планината Бистра. Во основа потекнува од моментите кога печалбарите заминувале на печалба. Го играле на крајот од селото, на местото каде се разделувале со најблиските пред да заминат на патот кон непозната исцрпувачка работа во туѓина. Со тек на време прераснува во химна не само на печалбарството туку и на сета тежина и горчина собрана во македонските души низ безбројните векови робување.Се игра како отворено оро во придружба на зурли и тапан. Првиот дел, со бавно темпо, се изведува со тешки забавени и одмерени чекори, кои во вториот дел се забрзуваат. При играњето, наизменично се сменуваат чекори и скокови. Удари на тапан и пискот на зурли. Стамени, горди мажи бавно формираат круг. Ороводецот со црвено шамиче во десната рака дава знак играорците да се фатат за раце. Орото почнува. Со смирено подигнување на десната нога и свиткување на коленото, започнува македонската приказна на непроболот и маката, на пркосот и непокорот…“ Орото претставувало инспирација за многу уметници како за поетот Блаже Конески со поемата „Тешкото“ така и за композиторот Тодор Скаловски со хорската композиција „Македонско оро“.

Пајдушко оро (пијано оро), е македонски народен танец во 5 такта, поделени на 2+3 (брзо бавно). Орото почнува тргнувајќи на десно, со по четири чекори со подигнување на ногата, а потоа на лево: со десната нога се прескокнува левата и тежината е на десната нога, додека левата се движи на десно.  Учениците потоа се движат наназад со по четири чекори. Маекедонските ора се играат низ вековите. Луѓето ког ги играле ората се облекувале во рачно изработени народни носии.

Кога ги совладуваме танците треба да знаеме за следното:
– биди упорен додека ги вежбаш танците;
– однесувај се културно и внимателно со партнерот додека танцуваш;
– танцувај гордо и со љубов;
– народните ора се наше културно богатство,
– однесувај се со почит кон нив и негувај ги;
– биди горд на својата традиција.
– негувај го минатото, тоа е сегашно богатство.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu