Направи добро дело

По повод 22 февруари –  Светскиот Ден на Извидници , Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес и  Сојузот на извидници на Македонија на 12.2.2017 год. (недела) ја започнаа со организирање хуманитарната акција  “Направи Добро Дело“, а истата ќе  трае во наредните десет дена. Споментата акција се состои во доделување на пакети прехранбени производи и училишен материјал и хигиенски материјали во десет семејства со социјален ризик и многудетни семејства и тоа во пет семејставо во  Велес, три во Чашка и две во Лозово. Акцијата е со подолг временски период се со цел за да може да се посетат сите десет семејства во споменатите региони каде што извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ја реализира својата одредска програма и мобилизира и вклучува членство.
Со оваа помош која што ја доделуваме сметаме дека ќе извршиме иницирање на потреба за поголема грижа од страна на државните институции и други хуманитарни организации кон овие семејства кои ни беа целна група. Средствата обезбедени во рамките на оваа хуманитарна акција се обезбедени преку проектни активности со  Цивика Мобилитас Швајцарска Развојна Агенција.

 

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu