Home / Исхрана на спортистите / Напитоците после тренинг

Напитоците после тренинг

pijacka1Суплементацијата во спортот е значаен фактор за постигнувањето на високи спортски резултати. За постигнување на високи спортски резултати потребно е реализација на програма за тренажен процес, каде што организмот го подготвуваме за високи достигнувања. По тренигот треба да се користиме бројни протеински производи кои се наменети за брзо опоравање од тренинг. Иако нивните формули теоретски се базираат на правилна постапка, во пракса тие производи можат повеќе да бидат штетни отколку корисни. Прво, за изворот на протеините кои се наоѓаат во тие производи скоро никогаш не постојат гаранции на произведувачот за квалитетот на сировината. Воглавно само се нагалсува дека се работи за одредена форма суруткини протеини (хидролизат, изолат, концетрат) без други детали кои се од суштинско значење за проценка на вистинскиот квалитет. Од друга страта, како додатоци во главно се користат вештачки засладувачи (со загржижувачки резултати на истражувања за штетноста), вештачки ароми и вештачки бои. Токму и затоа еве како пример еден едноставен и здрав пијалак кој не е чини многу од финасиска страна, а кој треба да го користите по тренинг.

Потребно е:
-органско млеко (сирово или студено пастеризирано): 300 г
-органски какао прав: 10 г
По потреба – малку стевија (заради ублажувањ/е на природната горчиња на какаото) и цимет заради вкус.
Ваквиот пијалак содржи околу 12 г квалитетни протеини, all2go-314 г шеќери (лактоза = шеќер со понизок гликемиски индекс) и повеќе од 3 г влакна. Покрај тоа, специфичните микронутриенти кои се наоѓаат во квалитетното какао, по пат на стумулација на произведувањето и метаболизмот на азот-оксидите во телото, имаат псоебен ефкт на опоравањето на мускулите.
Забелешка: Оние кои не се толерантни на лактоза се препорачува да користат квалитетни растителни млека на база на житарици (ориз, овес) или кокос. Сепак, треба да се внимава на таквите производи да нема додадено шеќери и различни вештачки додатоци кои можете да ги видите во состојките на производот.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu