Home / Методика на ФЗО / Мотивирајте го вашето дете да спортува

Мотивирајте го вашето дете да спортува

decaisportМногу е тешко и сложено да пораснете физички активно дете во ерата на компјутерите, кога во најголем дел од времето децата играат компјутерски игри или се дружат на социјалните мрежи. Ако вашето дете го сака спортот, но само кога го следи на телевизискиот екран, или ако го мрази часот по физичко воспитување, тогаш време е да преземете нешто. Факт е дека децата кои спортуваат добиваат многу бенефиции од физичката активност. Па затоа, не треба да пронаоѓате изговори за неактивноста на вашето дете. Не користете изговори како „Ќерка ми има премногу училишни обврски и нема време за спорт“ или „Син ми нема проблеми со тежината, па ако нема желба, не мора да спортува“. Мотивирајќи го вашето дете да спортува, вие му правите услуга за која ќе ви биде благодарно цел живот.

ЗОШТО Е ВАЖНО ВАШЕТО ДЕТЕ ДА СПОРТУВА?
„Во здраво тело, здрав дух“ – сите сме ја слушнале оваа мудрост, а сепак често како да забораваме колку вистина се крие во неа. Придобивките од физичката активност се многубројни. Истражувањата покажуваат дека децата кои спортуваат се посилни и поздрави отколку децата кои не се вклучени редовно во физички активности. Еве само неколку од многуте придобивки од редовната физичка активност:
•    здрав физички развој;
•    намален ризик од прекумерна тежина;
•    силни коски и мускули;
•    подобрување на рамнотежата, координацијата и флексибилноста;
•    подобрување на концентрацијата;
•    намален стрес;
•    намален ризик од депресија и анксиозност;
•    поголема самодоверба и самопочит;
•    можност за запознавање нови пријатели;
•    чувство на припадност кон одредена група.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu