Home / Престој во природа / Логорување во природа / Млади претприемачи – носители на младински рурален туризам

Млади претприемачи – носители на младински рурален туризам

Преку Асоцијацијата за иновации во руралната економија – АИРЕ Скопје, Здружението за рурален развој Локална акциона група Вардар Леадер , Извидничкиот одред„ Димитар Влахов“ започна со имплементација на нов проект „ МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – НОСИТЕЛИ НА МЛАДИНСКИ РУРАЛЕН ТУРИЗАМ “.
Извидничкиот одред ќе работи на подготовка и организација на четиридневен камп за стекнување на работни вештини на млади во регионот на Велес, Чашка и Градско кој ќе се организира во Извидничкиот центар „ ГОЛОЗИНЦИ“, Општина Чашка.
Проектот има за цел задоволување н а  потребите од  млади волонтери во Велес,Градско и Чашка, обука на 50 млади средношколци  до 20 години во слободното време за можностите за развој на руралниот туризам, лобирање кај државните институции преку печатените и електронски медиуми за развој и промоција на младински прашања и младински политики кои придонесуваат во развојот на руралниот туризам
Проектот согласно временската рамка ќе заврши до 15 септември 2017 година со што  се очекува да се остварат резултатите  на проектот и тоа:
– институализација и развивање на методологија за создавање на форми на рурален еко-етно-рурален младински туризам
– зголемен и квалитетен интензитет на економски активности за млади (пчеларство, производство на ориз, плетење на кошници, грнчарство, собирање на лековити билки, сточарство и рибарство );
– намалување на невработеноста на млади до 20 години преку развивање на мали семејни бизниси или самовработување на млади
–  институализација и развивање на методологија засоздавање на форми за дејствување на младинските волонтери во развојот на локалната заедница
– зголемен и квалитетен интензитет на волонтерски активности на младите
– обучени млади волонтери до 20 години кои што се оспособени за развивање и имплементација на младинскиот волонтеризам
– појава на активности за млади до 20 години и осовременување на постоечките младински активности, преку обучените извиднички водачи
– зголемен и квалитетен интензитет на активности за млади и од млади
Во овој период  Извидничкиот одред „ Димитар Влахов“ врши промоција на проектот преку организирани ТВ и радио емисии се со цел да се запознаат младите и поттикнат да се вклучат во проектот како директни учесници. Медиумската кампања е алатка за мотивација на младите од трите општини и овозможување за нивно вклучување во програмските активности на овој проект.

Линк за најава на проектот:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu