Home / Методика на ФЗО / Метода за проценување на телесното држење – метода на NAPOLEONE-WOLANSKI

Метода за проценување на телесното држење – метода на NAPOLEONE-WOLANSKI

Постојат два типа н3а проценување на телесното држење, а тоа се: СУБЈЕКТИВНИ МЕТОДИ – (набљудување, опсервација, соматоскоспка метода) и ОБЈЕКТИВНИ МЕТОДИ – (соматометриска). Од субјективните методи е позначаен  е  методот каде набљудуваме ДИРЕКТНО  НА САМИОТ  СУБЈЕКT (МЕТОДА ПО NAPOLEONE WOLANSKI)

ДРЖЕЊЕ НА ГЛАВАТА
Се оценува колку е главата пред градната коска, при што оценка  0 – значи дека положбата на главата е нормална, оценка  1- главата е малку  истурена  во однос на горниот дел на градната коска (само носот како најистурен дел на лицето се наоѓа пред градната коска), оценка 2  – лицето е истурено пред рамнината која ја тангира горната страна на градната коска.

ДРЖЕЊЕ НА РАМЕНИЦИТЕ
Се оценува степенот на свитканост на рамениците во сагитална рамнина. Оценка 1 и 2 значо мала односно значајна свитканост на рамениците, што одговара на зголемена градна кифоза, т.е. кифотично лошо држење

ДРЖЕЊЕ НА ЛОПАТКИТЕ
Се оценува колку се лопатките залепени до градниот кош. Оценка 0 се дава кај правилната положба на лопатките, а оценка 1 и 2 кај мала или значајно испакнување на лопатките (“scapula alata”). Крилестите лопатки често ја следат кифотичната промена на рбетот.

РАЗВИЕНОСТ НА ГРАДНИОТ КОШ
Оценка 0 се однесува на добро граден граден кош, оценка 1 и 2  на мала или значајна плоснатост на градниот кош.

ОТСТАПУВАЊЕ НА ‘РБЕТНИОТ СТОЛБ ВО ФРОНТАЛНА РАМНИНА
Прав рбетен столб без кривини во фронтална рамнина це оценува со оценка 0; во случај линијата на рбетните израстци отстапуваат повеќе од 2 см. од сагиталната рамнина која проаѓа низ рбетниот израсток на седмиот вратен пршлен, испитаникот добива оценка 1, а кога отстапувањето е поголемо од 4 см. – оценката е 2

ДРЖЕЊЕ НА ПРЕДНИОТ МЕВЕН ЗИД
Недоволна силина на мускулите на предниот мевен зид, го зголемуваат нагибот на карлицата односно изразена  лумбалната лордоза дава слика на испапчен и ипуштен преден мевен зид. Со оценка 1 се оценува ако предниот мевен зид е во рамнина која ја тангира градната коска; со оценка 2 ако предниот мевен зид е пред градната коска, опуштен). Оценка о значи нормална положба на предниот мевен зид.

ОБЛИКОТ НА НОЗЕТЕ
Обликот на нозете се набљудува од напред. Ако нозете се прави се оценува со оценка 0, мало отстапување во пределот на зглобот на колената или стопалата (“О“  или “Х“ нозе) – оценка 1, значајно отстапување оценка – 2.

СВОДОТ НА СТАПАЛОТО
Сводот на стопалото се оценува при стоење на испитаникот на една нога. Нормален внатрешен надолжен свод на стопалото се оценува со оценка 0, недоволно висок свод кој покажува тенденција на спуштање – оценка 1 и равно стапало на стојната нога со оценка 2.

tabela

 

1.    ОДЛИЧНО ДРЖЕЊЕ – СИТЕ ОЦЕНКИ 0
2.    МНОГУ ДОБРО ДРЖЕЊЕ НА ТЕЛОТО – ДО ЧЕТИРИ ОЦЕНКИ 1, СИТЕ ОСТАНАТИ ОЦЕНКИ 0
3.    ДОБРО ДРЖЕЊЕ НА ТЕЛОТО – ПЕТ ОД ОСУМ ОЦЕНКИ 1, СИТЕ ОСТАНАТИ ОЦЕНКИ 0
4.    ЛОШО ДРЖЕЊЕ НА ТЕЛОТО – ЕДНА ДО ЧЕТИРИ ОЦЕНКИ 2, БЕЗ РАЗЛИКА НА ОСТАНАТИТЕ ОЦЕНКИ
5.    МНОГУ ЛОШО ДРЖЕЊЕ НА ТЕЛТО – ПЕТ ДО ОСУМ ОЦЕНКИ 2, БЕЗ РАЗЛИКА НА ОСТАНАТИТЕ ОЦЕНКИ

Овој материјал  беше презентиран на семинарот  “Континуирана едукација за часот по физичко образование“ одржан во Куманово на 23.9.2014 год, од страна на професорот од ФФК,  Серјожа Гонтарев

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu